RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДАЛИ СТЕ ПЕШТЕРСКИ ЧОВЕК?
Недела, 09 Јануари 2011
Слика
ЕМОЦИОНАЛНА КОНТРОЛА
Вторник, 30 Август 2011
Слика
КАСТРАЦИОНА АНКСИОЗНОСТ
Вторник, 19 Април 2011
Слика
ДОКТОРИТЕ БЕЗ ЧУВСТВА?
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТИН ФЕЈСБУК ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 19 Април 2011
Слика
КОГА ЛАГИТЕ ЌЕ СТАНАТ ВИСТИНА
Среда, 12 Декември 2012
Слика
ЕМОЦИОНАЛНИ ВАМПИРИ
Петок, 12 Јули 2013

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд



ЗА НАС PDF Печати Е-пошта
(11 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 10024 пати
Петок, 11 Ноември 2011 11:11

Психа е медиум кој се занимава со содржини од областа на психологијата и сродните научни дисциплини. Наменет е за сите од 9 до 99 години. Целта е оваа истовремено и природна и општествена наука да се популаризира и доближи до пошироката публика.

Иако идејата за порталот Психа датира од поодамна, реализацијата е од релативно понов датум. Дека има потреба од еден ваков медиум доказ е секојдневната присутност на содржини од областа на психологијата, како на сите интернет портали кои се занимаваат со општи содржини, така и на останатите електронски медиуми. Истите може слободно да ги објавуваат содржините објавени на Психа, во оригинална или обработена форма, под единствен услов на јасно видливо место да истакнат или соопштат дека се превземени од нашиот портал. Нашата цел е да ги имате секогаш најновите информации, вести, истражувања и останати содржини од областа на психологијата.

Порталот Психа исто така е замислен и како место каде што ќе се дискутира за сите теми поврзани со психологијата и место каде што ќе може да дознавате одговори на голем број прашања од ваш интерес или потреба, вклучително и релевантни совети за ваши отворени прашања и проблеми.

Во овој контекст, повеќе од јасно е дека сите психолози, психијатри, психотерапевти имаат отворена врата за соработка. Се разбира порталот Психа од друга страна ќе се обиде што подобро да ги промовира нивните идеи и потреби за професионална реализација. Истиот повик за соработка важи и за сите кои припаѓаат на сродните дисциплини на психологијата, како социолози, биолози, неуронаучници, антрополози, социјални работници, педагози итн., како и сите оние кои не се занимаваат професионално со оваа наука но се вљубеници во истата и сакаат да придонесат за нејзино популаризирање и развој.

Со оглед дека порталот Психа во моментов е единствен професионален портал од ваков тип во регионот, вратата за соработка е отворена и за психолозите и вљубениците во психологијата и надвор од Македонија.

Ви посакуваме пријатни, забавни и едукативни моменти со нашиот портал.

 

Со почит,

ПСИХА.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.