RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПОИЗГОВОРЛИВИТЕ ИМИЊА КЛУЧ ЗА УСПЕХ
Четврток, 16 Февруари 2012
Слика
ОДМОР ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ
Вторник, 07 Декември 2010
Слика
ЗАГРОЗЕНОТО ЕГО ТРОШИ ПАРИ
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
ВЕЧНА ЉУБОВ
Понеделник, 14 Февруари 2011
Слика
МАЛ, НО ОПАСЕН СТРЕС
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
КАКО ДА БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
СО СТАРОСТА ДОАЃА МУДРОСТА
Среда, 12 Октомври 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



ЌОТЕКОТ ОД РАЈОТ, ВИБРАТОРОТ ОД ОРДИНАЦИЈА PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 13066 пати
Петок, 03 Февруари 2012 11:03

Мислите дека вибраторот го измислиле во порнографската индустрија? Сте се излагале. Ова е вистинската приказна за него.

 вибратор

Хистеријата и вибраторот

Методот за масажа на вулвата датира наназад до времето на Хипократ. Во 19 век се етаблирал како многу ефективен начин за третман за хистерија и невростенија или нервна слабост кажано со обичен јазик. Како и да е, оваа процедура на масажа на вулвата не била од сексуална природа. Процедурата била поприлично бавна, досадна и мирна и траела се додека пациентот не достигнел емоционално ниво во кое сите знаци на хистерија или невростенија исчезнеле.

 

вибратор за употреба во ординација

Методов, се разбира, бил многу популарен меѓу жените. Со оглед дека рачната процедура била многу напорна а во некои случаи било потребно долго време за поединечен случај, се почнало со употреба на хидротерапија. Поточно, гениталната област на жените била масирана со млазови од вода.

хидромасажа на гениталии

Во 1880 година, еден Британски лекар измислил електрична направа, имено вибраторот, кој бил наменет за употреба во психијатриска ординација. Идејата била да се употребува кај пациенти на кои им било потребно смирување во рамки од десеттина минути.

психијатар со вибратор

Употреба на вибраторот за по дома

Природно, разноразни производители веднаш ја искористиле приликата да изработуваат вакви справи за домашна употреба. Така, компанијата Хамилтон Бич од Расин, Висконсин, САД, го патентирала првиот вибратор за домашна употреба уште во далечната 1902 година.

првиот рачен вибратор

Се до 1917 година, продажбата на вибратори за домашна употреба драстично се зголемувала и тие биле со одличен квалитет. Во 1920 година, се појавиле бројни фотографии и филмови кои ја презентирале направата за пошироката јавност. Еден од пославните филмови од тоа време е Приказната на Калуѓерката.

Приказната за калуѓерката

Популаризација на вибраторот

Вибраторот за домашна работа бил најмногу рекламиран 1950тите до 1970тите години. Сите реклами биле двосмислени. Имено, се прикажувале вибрирачки четки за коса, апарати за масажа на вратот и грбот, или додатоци за правосмукалката, а истовремено, била скриена нивната вистинска намена.

вибро правосмукалка

Благодарејќи им на феминистичките идеи карактеристични за Регановата Администрација во САД, вибраторите станале уште попопуларни. Во 1973 година, Бети Додсон, предводник на т.н. „сексуално ослободување" на жените во Америка, организирала женски групи за мастурбација кои ја охрабрувале употребата на вибратори.

вибратори

Таа исто така ја издала книгата Секс за Еден, која била преведена на 8 јазици. Истата година се појавил и првиот секс-шоп специјализиран за жени во Њујорк, наречен Градината на Ева. Со оглед на на зголемениот број на ХИВ инфекции во тоа време, Регановата администрација превзела акција за промовирање на безбеден сексуален однос, па почнале да се дистрибуираат флаери со упатства за употеба на вибраторите како сигурен начин да се избегне Сидата.

Градината на Ева сексшоп

Денес, се разбира, нема многу табуа поврзани со употребата на вибраторите. Тие се многу често „играчка" на возрасните. Најпопуларниот вибратор во модерната култура е наречен зајак и се појавува како „актер" во популарната серија Сексот и Градот.

 вибраторот зајак

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.