RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАЛЕНДАР НА ТАЖНИ ДЕНОВИ!
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
СРЕЌА ИЛИ ТАГА?
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
10 СОВЕТИ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО ВРСКАТА
Понеделник, 14 Ноември 2011
Слика
5 ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНА ВРСКА
Понеделник, 02 Мај 2011
Слика
ПСИХОТЕРАПИЈА ПРЕКУ СКАЈП
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
ЕМОЦИОНАЛНИ ВАМПИРИ
Петок, 12 Јули 2013
Слика
САМО ВИЕ ОДМОРАЈТЕ
Понеделник, 20 Декември 2010
Слика
ПОМНИТЕ ЛИ ЛИЦА?
Петок, 26 Ноември 2010
Слика
СЕКСОТ НЕ ЛЕЧИ ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ДАЛИ САКАТЕ ВАНИЛА СЕКС? PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 3.67 од можни 5)
прочитано 12897 пати
Среда, 18 Јануари 2012 18:47

Но, што е ванила секс? Ако помисливте дека се работи за секс со употреба на шлаг пена со вкус на ванила, се излажавте.

секси лижење сладолед

Терминот ванила во сексуална конотација означува сексуални односи кои се најконвенционални и социјално прифатливи по својата форма. Во основа се работи за гушкање, бакнување, создавање на емоционална врска и се разбира, мисионерската поза.

бакнеж

Ванила сексот е можеби и најпопуларната форма на сексуален однос, најмногу можеби и заради тоа што совршено се совпаѓа со социјално прифатливите сексуални практики. Едноставно, така треба да биде. Иако во психопатолошката дефиниција за сексот, дозволени се сите практики што две возрасни единки при чиста свест се сложуваат да ги прават, сепак, многу луѓе сметаат дека ванила сексот е единствен тип на „нормален" секс а се друго е патологија. Притоа кај многумина знае да се појави и она незгодно чувство на вина или валканост ако не се вклопувате во „ванила" идејата.

ванила секс на плажа

Но, од друга страна, со пенетрација на сексуалните слободи на денешното време и атакот на порнографијата, некои луѓе го имаат пак спротивното чувство на вина, дека ако сакаат ванила секс, не се доволно сексуални и возбудливи. Ако целите да бидете лошо момче или лоша девојка на пример, тогаш ванила поимот сигурно ќе ви дојде како нешто во негативна конотација.

романса со рози

Ајде да бидеме попрецизни околу тоа што е ванила сексот, односно што сакаат оние кои им е омилен. Сакаат чисто тело и чиста долна облека. Не сакаат да бидат валкани во ниедна форма за време на сексот. Избегнуваат употреба на сексуални мириси, сексуални помагала и играчки, перверзни фантазии и игри, плескање, удирање или пак пирсинг. Се разбира, за различни култури и самата дефиниција на ванила сексот е во нијанса различна.

секс и сладолед

Зошто баш ванила? Така слатко име. Според едни, тоа е заради екстрактот на ванила кој е најпознат како подлога за вкусот на највообичаениот сладолед. Други пак го сметаат како секс на белата раса, кои наводно се – помалку авантуристички настроени, помалку перверзни, промискуитетни, не се толку храбри во експериментирање и не ги познаваат доволно сексуалните практики на другите култури и раси. Но, за второво одамна си постои називот бамби секс.

Бамби

Ванила сексот за многумина е синоним за водење љубов. Се што е поинакво е можеби валкано, недозволено и тоа е само имање секс или животински израз на нагонот, а не и водење љубов во вистинска смисла на зборот. Впрочем, и кога на холивудските филмови се сака да ни се прикаже некоја романтична љубов преку сексуални сцени, се одбира ванила секс.

плава лагуна

Треба да се има на ум дека ванила сексот дефинитивно не е нешто кое буквално секој го сака, напротив. Во денешно време сексуалноста добива на диверзитет и слобода, па многу работи кои во минатото биле недозволени и се третирани како девијантни денес сосема слободно се практикуваат. За многумина ванила сексот е едноставно здодевен, па сакаат да пробаат нешто друго.

чоколадо со кама сутра

Но, каде е границата помеѓу нешто поинакво и самиот секс. Дали на пример, садомазо игрите се сексуални игри или се работи за нешто друго? Воајеризмот и егзибиционизмот? Сексот со сексуални играчки? Уринирањето врз партнер? Групен секс?

камасутра индиски храм

Во зависност од личните сексуални искуства некои луѓе едноставно и никогаш не ги научиле основите на ванила сексот, па затоа и го гледаат со потценување и зборуваат со погрдни зборови за него. Оние кои го обожуваат знаат дека може да биде исклучително страсен и експлозивен, и најмалку од се здодевен. Ванила сексот во овој контекст всушност значи секс ослободен од сите пропратни (можеби непотребни) работи. Дури и оние на кои не им е омилен, одвреме навреме сакаат да се навраќаат на стариот добар – ванила секс.

 гради и сладолед

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.