RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МИТ ЗА ПОЛОВИТЕ
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
СЕКС И ТЕЛЕВИЗИЈА, МАЈКИ И ДЕЦА
Вторник, 25 Октомври 2011
Слика
ДОБРИОТ ПАРТНЕР Е И ДОБАР РОДИТЕЛ
Понеделник, 10 Декември 2012
Слика
СЕЌАВАЊАТА НА ФРОЈД
Петок, 02 Декември 2011
Слика
БЕЗ СЕКС, МОЛАМ
Сабота, 29 Јануари 2011
Слика
КАКО ДА СЕ МОТИВИРАТЕ СЕБЕСИ
Вторник, 04 Септември 2012

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг



СЕКСУАЛНОСТА И СПИРИТУАЛНОТО PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 16773 пати
Вторник, 27 Декември 2011 21:38

Дали имате вистинско, длабоко разбирање на смислата на сексот?

 тантра љубовници

Денес стана феномен на помодарство да се спомнува сексуалноста како нешто спиритуално, можеби затоа што едноставно звучи добро. За волја на вистината многумина и не разбираат колку всушност тоа е навистина така и колку овој концепт е длабок. Главно, тоа е така заради фактот што вистинската суштина на спиритуалноста е нешто што „мејнстримот" не го разбира. Повеќето луѓе спиритуалното го гледаат како исправно однесување или стриктно придржување до религиозните доктрини. Кога ова недоразбирање ќе се спои со изопаченото разбирање на смислата на сексот, го имаме она што го имаме денес, сексуално празно општество, емоционално неисполнето.

светост на сексот

Спиритуалноста... накратко

Да почнеме со поглед кон спиритуалното, што е тоа навистина. Спиритуалноста е состојба на искусување и интимно доживување на променета состојба на свеста, преку извесни техники и практики, со цел да се дојде до вистината, просветлувањето, моќта и мирот. За да се дојде до оваа состојба на свеста, седумте главни чакри или енергетски центри мора да се активираат, од основата на рбетот до крунската чакра. Еден начин на кој ова може да се постигне е преку техниките за медитација, а другиот е преку сексот.

раѓање духовно

Сексуалноста

Следното прашање се разбира, би било, што е сексот? Да го оставиме настрана чисто биолошкото значење на сексот, прокреацијата, односно продолжувањето на видот и ослободувањето на сексуалната тензија. Сексот е реално и вистинско спојување на машкото и женското со цел да создадат духовна унија. Бракот всушност би требало да биде спојување на ова сексуално двојство во единство со цел да ја разбуди и оживотвори душата.

една душа

Тантра

Тантрата, која е учење за светоста на сексот, подучува за практичните техники со чија помош се креира оваа андрогинија или спиритуалната унија на машката и женската енергија. На пример, обично машите се силно фокусирани на доживување климакс па доживуваат оргазам преку ејакулација. Она што се случува е тоа што жената не само што ја задржува својата женска енергија, туку ја апсорбира и енергијата на мажот исто так, оставајќи го него осиромашен и расеан. Ова е проблематично, затоа што спиритуалноста, сексуалноста треба да биде нешто кое ги доведува во рамнотежа женската и машката енергија засебно, индивидуално.

тантрички секс

Тантрата подучува на техники кои му овозможуваат на мажот да ги зајакне своите способности да доживува оргазам без ејакулација, па така тој почнува да се вовлекува во женските есенции, со доведување во рамнотежа, зајакнување и исполнување со енергија тој е поподготвен да излезе во светот како попросветлен и попродуктивен, да биде воин.

пар во кревет

Секс Магија

За да се почне со сексуалниот ритуал, потребно е да се најде некој заеднички фокус, без оглед дали е тоа бебе, заздравување или подобрување на квалитетот на живеењето. Во книгата „Уметноста на сексуалната магија", Марго Аханд ги охрабрува љубовниците, маѓесниците, да создадат ментален симбол кој го претставува фокусот за време на водењето љубов.

секс медитација

Користејќи техники за дишење, еротски позиции и сензуално галење се почетокот до промената на состојбата на умот кон подигање и менување на свеста. Во моментот на оргазмот, повикајте го споделениот симбол на врвот на умот и силно фокусирајте се на него. Магичната експлозија го ослободува симболот во нашиот холографски универзум забрзувајќи ги можностите за остварување спиритуалното барање. Ова е уметноста на сексуалната магија, со цел за спиритуално усовршување.

тантра сексуалност

Сексуалноста е една од најмоќните сили во универзумот, затоа што таа е енергијата на креацијата. Преку оваа енергија, многу нешта може да се манифестираат ако се разберат правилно и употребат како што треба. Можеби ова е причината зошто сме толку магнетски привлечени од оваа неверојатна сила.

женска мандала

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
+1 #1 RE: СЕКСУАЛНОСТА И СПИРИТУАЛНОТОpecko 29-12-2011 11:07
ah pusta zelba sto se pravi, neka se sexa kolku saka avtorot na statijava, koj mi brani, nee kaznivo so zakon sexanjeto, ama neka ne trese gluposti
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.