RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕДИП И ЕЛЕКТРА
Среда, 09 Март 2011
Слика
ШТО Е ТЕЛЕПАТИЈА?
Сабота, 12 Февруари 2011
Слика
СИТЕ СМЕ МУТАНТИ?!
Вторник, 12 Јули 2011
Слика
МОМЧЕ ИЛИ ДЕВОЈЧЕ?
Вторник, 06 Декември 2011

„Токму она што го знаеме е тоа што не спречува да научиме нешто“

Клод Бернард



БИСЕКСУАЛКИТЕ ПОАГРЕСИВНИ ОД БИСЕКСУАЛЦИТЕ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5655 пати
Четврток, 15 Декември 2011 09:13

Едно ново истражување покажува дека жените бисексуалки пијат повеќе алкохол отколку мажите бисексуалци. Исто така, пушат повеќе цигари и страдаат од депресија и стрес.

бисексуална шема

Истражувачите сеуште не можат да утврдат зошто младите девојки имаат посериозни здравствени проблеми отколку мажите бисексуалци.

"Луѓето имаат многу предрасуди за овие луѓе," - вели Лиза Линдли од Универзитетот "Џорџ Мејсон." "Луѓето им велат дека се збунети и дека треба да изберат еден пол. Сметам дека бисексуалците се прилично несфатени и токму поради тоа се многу ранливи."

Исто така, жените бисексуалки имаат многу мала поддршка од општеството и затоа често ги менуваат партнерите, пробуваат и со двата пола и цел тој притисок понатаму предизвикува депресија и стрес, сметаат истражувачите.

геј пар

Сексуалниот идентитет и здравјето

Линдли и нејзините колеги направија анкета на национално ниво на 7 969 жени и 6 716 мажи. Испитаниците пополнија 2 анкети - една во периодот помеѓу 1994 и 1995 година, кога беа на возраст од 7-12 години, и една анкета во периодот од 2007 до 2008 година, кога беа на возраст од 24-32 години. Истражувачите анализираа три различни аспекти на сексуалноста - сексуалниот идентитет, сексуалното однесување и сексуалната привлечност. Потоа, испитуваа како овие аспекти се поврзани со ризикот за добивање некакви болести. Резултатите покажаа дека мажите и жените кои се изјасниле како бисексуалци биле повеќе склони кон депресија, стрес и алкохол. Резултатите исто така покажаа дека ризикот од овие појави е многу поголем кај жените.

лезби пар

Дали нa жените им фали поддршка?

Истражувачите сеуште не знаат зошто мажите бисексуалци подобро се носат со својата сексуалност отколку жените. "Можеби затоа што мажите се малку повеќе прифатени во општеството отколку жените. Жените сметаат дека немаат никаква поддршка." - вели Линдли.

Поради недостигот на оваа поддршка, жените веројатно се чувствуваат изолирани и немаат со кој да разговараат на оваа тема.

тројка

Линдли вели: "Жените повеќе сакаат да го менуваат полот на нивните партнери отколку мажите. Кај мажите најчесто работите се јасни, или се хомосексуалци, или се хетеросексуалци."

Истражувачите сметаат дека се потребни дополнителни истражувања за да се разбере врската меѓу жените бисексуалки и ризикот од депресија, појавата на стрес и преголемата употреба на алкохол. Сепак, тие предупредуваат дека од ова истражување не треба да градиме стереотипи. "Не се сите бисексуалки исти. Некои немаат никакви проблеми." - вели Линдли.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.