RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ХАБИТУАЦИЈА
Вторник, 23 Април 2013
Слика
БРЗА МУЗИКА = БРЗО ВОЗЕЊЕ
Среда, 05 Октомври 2011
Слика
ИСПЛАЧЕТЕ СЕ, ЗДРАВО Е!
Петок, 16 Декември 2011
Слика
СЕКСОТ - ЛЕК ПРОТИВ НЕВРОЗА
Среда, 17 Август 2011
Слика
ЖЕНСКА МЕМОРИЈА
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
НА ДРУГАТА СТРАНА
Петок, 13 Јануари 2012
Слика
АЛТРУИЗАМ ОД ВОЈНА?
Четврток, 02 Декември 2010

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд



ПСИХОЛОГИЈА НА "ЗАДНИОТ ВЛЕЗ" PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 22219 пати
Среда, 14 Декември 2011 08:57

Зошто мажите се толку многу фасцинирани од аналниот секс?

анален секс

Јасно е дека мажите се опседнати со фанатазиите за анален секс. Секоја година излегуваат стотици порно филмови во кои аналниот секс е претставен како фетиш, жените на разни форуми дебатираат дали да имаат анален секс со нивните партнери а мажите дискутираат како да ги убедат нивните партнерки да имаат анален секс. Жените се согласуваат на анален секс само поради нивните партнери. Зошто? Кое е значењето на аналниот секс?

античка слика

Хетеросексуалниот анален секс се практикувал со милениуми наназад. Постојат слики од Јапонија, Кина и Европа на кои се прикажани маж и жена кои имаат анален секс, а исто така има и антички цртежи и скулптури со вакви мотиви кои потекнуваат од Медитеранот и Јужна Америка. Кај некои народи од Полинезија, аналниот секс се практикувал како превентива од несакана бременост. Денес, адолесцентите сметаат дека со аналниот секс спречуваат зачнување, но не го земаат предвид ризикот од сексуално преносливи болести. Во последните децении, се повеќе луѓе практикуваат анален секс. Во педесетите, само 15% од населението зборувало за аналниот секс. Денес, околу 15% од мажите имале анален секс со жена, а приближно толкав е и процентот на жените.

полугола девојка

Меѓутоа, кога станува збор за аналниот секс, што се случува кај луѓето во брак каде што сексуално преносливите болести и несаканата бременост не се сметаат за проблем? Мажите сакаат да експериментираат во сексот, но зошто сакаат анален секс кога со тоа не се шири нивниот род?

Желбата за анален секс има различна цел кај мажите. Најсилниот аргумент е дека самото тоа што жената прифатила анален секс, ги возбудува мажите. За жената тоа не е голем ризик затоа што не може да забремени преку ваков сексуален однос. Аналниот секс за мажите е како познатата серија „Ѕвездени патеки", затоа што им дава можност да испитаат нови и неоткриени териотории.

пар

Жената која се согласува на анален секс покажува дека самата бара само физички контакт, без да размислува за последиците од самиот чин. Со тоа, телото на жената се претвора во сексуален објект и ништо друго. Има истражувања кои докажуваат дека жените кои имаат анален секс почесто доживуваат оргазам - тоа не мора да значи дека доживуваат оргазам за време на анален секс, туку тоа е резултат од севкупните сексуални активности на жената. Жените кои се согласуваат на анален секс сакат авантури, опуштени се за време на сексот и со тоа почесто доживуваат оргазам.

пар разговара

Степенот на болка при анален секс е дискутабилен. Во врските каде што има голема поврзаност и дисциплина, болката што ја чувствува жената се смета за дел од задоволството. Другите пак се трудат да ја намалат болката со помош на лубриканти, за да можат потоа да го зголемат задоволството. Ова подготвување е возбудлив дел од предиграта, ја зголемува возбудата како и шансите за жената да доживее оргазам.

За многу мажи и жени, аналниот секс претставува еден вид подарок од страна на жената која тоа го прави од љубов и затоа што сака целосно да го задоволи партнерот. Кога жената се согласува на анален секс, тоа значи дека има целосна доверба во својот партнер.

нозе

Мажите на аналниот секс гледаат како на една форма на доминација, затоа што сакаат да го имаат секој дел од телото на жената.

Изненадува фактот дека повеќето луѓе сметаат дека аналниот секс не е вистински секс. Истражувањата покажуваат дека околу 19% од студентите сметаат дека аналниот секс не претставува некаква интимна врска. Мажите пак, наоѓаат големо задоволство во аналниот секс. Меѓутоа, голем процент од жените сметаат дека аналниот секс е едно непријатно искуство и не би сакале да го повторат.

девојка по долен веш

Во минатото, аналниот секс беше табу тема, а денес, сите сакаат да го пробаат. Ова покажува дека работите низ вековите се промениле кога станува збор за ваквиот сексуален контакт. Дали луѓето ќе продолжат да ги уриваат овие табу теми? Не мора да значи. Ако двајца партнери сакаат да експериментираат, не значи дека не знаат за граница.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.