RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КОЛКУ СЕ САМОСТОЈНИ ТИНЕЈЏЕРИТЕ?
Четврток, 22 Септември 2011
Слика
НЕ МЕ ИГНОРИРАЈ!
Петок, 27 Јануари 2012
Слика
БОГАТ МОЗОК, СИРОМАШЕН МОЗОК
Сабота, 25 Декември 2010
Слика
ЛИЦЕ НА АГРЕСИЈАТА
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА АПОКАЛИПСАТА
Вторник, 03 Јануари 2012
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО СТРЕСОТ
Среда, 11 Мај 2011
Слика
МРСНАТА ХРАНА СОЗДАВА ГЛАД
Петок, 03 Декември 2010
Слика
ВИРУСИ ЗА КОНТРОЛА НА МОЗОКОТ
Вторник, 20 Декември 2011
Слика
ШЕСТОТО СЕТИЛО - НАУЧНО ДОКАЖАНО
Четврток, 17 Ноември 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



ВНИМАВАЈТЕ НА ЖЕНИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2393 пати
Четврток, 25 Ноември 2010 23:26

Мажите стануваат љубоморни на други доминантни мажи кои се во близина на нивната партнерка за време на овулација.

љубомора

Ова го открија истражувачите од Универзитетот во Ливерпул.

Претходните студии открија дека женските преференци за машка атрактивност варираат според нивната плодност.

За време на овулација жените ги сметаат мажите со мажествен изглед како поатрактивни. Исто така ги привлекува нивниот глас и мирисот. Додека трае оваа плодна фаза поголема е веројатноста дека жените ќе се впуштат во афера со ваков вид на мажи, бидејќи тие имаат поголеми количества на тестостерон, што индиректно укажува на добри генетски квалитети кои можат да бидат пренесени на подмладокот.

љубовна афера

Ново истражување на Универзитетот откри дека мажите ја чувствуваат оваа промена кај жените и затоа ги сметаат мажествените мажи како поголема конкуренција за време на овулацијата на партнерката. Роб Бурис и др. Ентони Литл од Универзитетското Училиште за Биолошки Науки исто така открија дека мажите вака се однесуваат само доколку нивната партнерка не користи орална контрацепција – и е според тоа поплодна.

За потребите на студијата на машките испитаници им беа покажани фотографии од мажи кои имаа малку или високо изразени доминантни машки црти на лицето, како поизразена брада и потенки усни. Испитаниците потоа требаа да го проценат степенот на доминантност според сликите. За доминантни беа оценети оние мажи на фотографиите кои изгледаа како да "можат да го добијат она што го сакаат."

љумоборен маж

Машките испитаници беа замолени да одговорат дали нивните партнерки користат или не орална контрацепција. Исто така, требаше да ги наведат датите од нивниот менструален циклус. Мажите чии што партнерки не користеа орална контрацепција и беа поблиску до овулација ги оценија лицата со мажествени карактеристики како подоминантни за разлика од оние мажи чија што партнерки употребуваа контрацептивни средства и не беа блиску до овулација.

Роб Бурис од Биолошкото Училиште за Биолошки Науки објаснува: "Групите животни, како шимпанзите, можат да живеат среќно заедно, но кога женката е подготвена да се спари двајцата најдоминантни мажјаци од групата стануваат ривали и се борат за нејзиното внимание. Слично е и кај луѓето, доминацијата се зголемува кога жената е најплодна. Она што е интересно во овој случај е дека машкото однесување е одредено од страна на жените; мажите стануваат посвесни за мажествените мажи само кога жените ќе го насочат своето внимание кон нив за време на овулација."

мажјак шимпанзо

"Обликот на лицето и структурата се добри показатели за доминантност. Мажите со големи очи, заоблена брада и полни усни се перцепираат како поженствени и жените ги избираат за подолготрајни партнери. Сепак, не ги сметаат за доминантни. За време на овулацијата, на жените повеќе им се допаѓаат лицата кои укажуваат на повисоко присуство на тестостерон, што укажува на подобри гени; мажествените лица ги одразуваат овие квалитети."

машко ривалство

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.