RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕСЕНСКО - ЗИМСКА ТАГА
Петок, 25 Ноември 2011
Слика
КАКО ДА ИМ ПРОСТИТЕ НА ДРУГИТЕ?
Четврток, 10 Ноември 2011
Слика
НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
РЕЛИГИЈА ЗА САМОКОНТРОЛА
Вторник, 21 Декември 2010
Слика
ПОВЕЌЕ ПАРИ, ПОНЕСРЕЌЕН БРАК
Среда, 26 Октомври 2011
Слика
ЗБОРОВИ И БРОЕВИ
Четврток, 24 Февруари 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА АЛТРУИЗМОТ
Вторник, 20 Декември 2011
Слика
ЗНАЕШ ЛИ ШТО СЛУШНАВ?
Петок, 17 Декември 2010
Слика
ГЛЕДАЈ, НО НЕ ДОПИРАЈ
Четврток, 04 Ноември 2010

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



СЕКС ОД МАЛИ НОЗЕ ВО СИРОМАШНИТЕ СЕМЕЈСТВА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 6370 пати
Четврток, 24 Ноември 2011 09:52

Бренда Ломан, мајка и коавторка на истражувањето, вели дека кај 1 000 семејства со ниски примања, едно од четири деца на возраст од 11 до 16 години веќе имало секс, а просечната возраст на започнување на првите односи им била на 12, 77 години...

сиромашно девојче
„Ако просечната возраст е околу 12 години, тоа покажува дека некои деца имале сексуални односи на 10годишна возраст.“ - вели Ломан, универзитетски професор од Ајова. „Има дечиња кои искусиле секс на 8 или 9 годишна возраст. Има дете кое има односи од 9 години и до неговата сегашна, 18 годишна возраст, станал татко на 4 деца.“
„Оние што мислат дека децата немаат секс, треба да си ги преиспитаат мислите.“ - вели таа. „Возраста е најшокантниот податок од ова истражување.“

момче
Тина Јордал, студент од Универзитетот во Ајова, заедно со Ломан го направи истражувањето „Добросостојбата, децата и семејството - истражување направено во 3 градови“ - истражување што траеше 6 години и ги анализираше семејствата со ниски примања во Бостон, Чикаго и Сан Антонио.
Првите податоци од истражувањата излегоа во 1999 година за децата на возраст од 10 до 14 години. Вторите резултати беа во 2001 година. Во 2006 година, беа објавени податоци за деца што достигнале возраст од 16 до 20 години.

тинејџерка идна мајка

Машките порано почнуваат со сексуалните односи.

Истражувањето покажа дека машките започнале со сексуални односи на помала возраст (12,48) отколку девојчињата (13,16). Машките имале за 10 % почесто однос отколку девојчињата.
Последното државно истражување покажа дека 13% од девојчињата и 15 проценти од момчињата имале секс пред 16 годишна возраст. Ломан вели дека стапката на сексуални односи кај семејствата со ниски примања е малку повисока кај девојчињата, но дупла кај момчињата.
„Возраста кај децата од црна раса е за 12% помала отколку кај децата од белата раса (29 и 17), меѓутоа расата не била поврзанат со возраста кога прв пат започнале со сексуални односи.“ Авторите велат дека периодите на нестабилност во семејството најчесто се ризични фактори за раните сексуални односи.

бремено девојче

Малолетничката деликвенција - фактор за рана сексуална активност

Истражувањето откри дека вмешаноста на децата во криминални дела го зголемува ризикот за рана сексуална активност. Поради разликите на половите во почетокот на сексуалните односи, авторите предупредуваат дека е потрeбно изготвување на програми за едуцирање на децата за да се намали овој ризик.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.