RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СО КОГО СИ, ТАКОВ СИ
Петок, 26 Ноември 2010
Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
5 ТИПОВИ НА ЖЕНИ
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
ДОЛГ ПРСТЕЊАК - ЗГОДЕН ДЕЧКО
Петок, 26 Август 2011
Слика
ИСТИ ГЕНИ, РАЗЛИЧНИ КАРАКТЕРИ
Четврток, 10 Март 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



НЕПРИЈАТНА ВИСТИНА ЗА СЕКСОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 23307 пати
Петок, 18 Ноември 2011 09:45

Само една забелешка: Ниту еден сериозен совет од терапевт не почнува со фразата „пробајте само“...

психолошко советување

Што би мислеле за еден терапевт кој им предлага на алкохоличарот „Само да проба да престане да пие“, или кој им предлага на некого со проблеми со тежината „Само да проба да не јаде толку многу“? Што значи тоа? Дека луѓето со психички проблемитреба „само да пробаат да бидат подобри“? Како да не.
Самото вметнување на зборот „само“ им кажува на луѓето дека залудно си го губат времето зборувајќи за проблемот.
Една неодамнешна статија објавена во Psychology Today даде профил на терапевтот/авторот кој им предлага на оженетите мажи со мало либидо да го надминат овој проблем ако само го направат тоа. Според оваа статија „нивниот недостиг на желба за секс ретко се поврзува со хормоните а има голема врска со жените во нивниот живот. Денешните мажи постојано им се лутат на жените. Кога нема волја за ништо, сите планови пропаѓаат и паровите веќе немаат заедничка тема на разговор.“

секс

Меѓутоа, во моногамните врски, недостигот на желба за секс кај мажите има многу голема врска со биологијата и хормоните исто колку што има врска со жените во нивниот живот. Дури и сопругот на најјаката женска на светот може да ја изгуби желбата за секс.
А кога станува збор за бесот што го чувствуваат мажите, тој најчесто се појавува како резултат на неволноста на општеството да се соочи со неговата биолошка реалност и постојано да им кажува на мажите дека нешто не е во ред со нив.

без секс
Сакате да ја чуете непријатната вистина? Еве: Мажите сакаат постојани новости во сексот и со текот на време го губат интересот за секс со ист партнер поради недостигот на нови работи. Овој таканаречен Кулиџ ефект добро се докажува со сите цицачи и воопшто не е новост за луѓето кои имаат знаење од полето на репродуктивната биологија.
Мажите секогаш остануваат исти, без разлика колку општеството сака да влијае врз нив.
Во 1979 година, антропологот Доналд Симонс тврдеше дека „Мажите се одгледани за да одбиваат секакво учење поврзано со тоа да не посакуваат различни работи и покрај тоа што религијата им го налага тоа.“ Треба ли уште да се зборува за маж кој би ризикувал се за секс со жена која не му е сопруга?

неверство
Доктор Фил смета дека „браковите без секс се епидемија која не може да се негира“. Според ова, постојат бројни терапевти кои советуваат дека:
Има нешто што не е во ред со мажите кои немаат желба за секс во долгата врска (станува збор за несозреани жртви кои страдаат од комплексот Петар Пан и имаат проблеми со нивната мајка, зависни се од порно филмови и не сакаат да се врзуваат) итн.
Има нешто во магичниот начин на обраќање кон нив што може да го реши проблемот.
Погрешно, многу погрешно.

стар пар заљубен
Во далечната 1964 година, кога војната во Виетнам беше нова и сексуалната револуција стануваше популарна, Мастерс и Џонсон тврдеа дека „Губењето на желба за секс се појавува како резултат на монотонијата во сексуалната врска и тоа е најчестиот фактор кој ги прави мажите незаинтересирани за секс во врската.“ Исто така, тие тврдеа дека „ваквите мажи можат да се вратат во живот само со сексуален однос со млада жена што не е нивна сопруга.“ Нашето истражување предлага дека втората жена воопшто не е важна, се додека успешно се постигнува успех.
Но, како ова влијае врз врската? Точно е дека „ако нема волја, сите планови пропаѓаат и паровите веќе немаат заедничка тема на разговор.“

постар пар има добар секс
Ако познавате пар кој е во брак неколку години, тогаш познавате двајца луѓе кои долго време „немале желба за секс.“ Еден пар се состои од две комплексни индивидуи. Сексуалната желба кај нив се менува како резултат на одредени фактори: годишното време, притисокот на работа, бременост, смрт во семејството, премореност, старост итн. Апсурдно е да се тврди дека кога се губи сексуалната желба, се останато исто така се распаѓа.
Во секој случај, сексот е важен дел од врската, но не е основа на интимната врска меѓу партнерите. Всушност, преголемата желба за секс исто така може да е показател за недостигот на вистинска интимна врска. Токму поради ова, партнерите треба да разговараат со цел да ги решат проблемите од ваков тип.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.