RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПРОБЛЕМИ ПРИ КОМУНИКАЦИЈАТА
Недела, 15 Септември 2013
Слика
ТАНЦ ТЕРАПИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
5 ЛОШИ НАВИКИ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА
Четврток, 20 Декември 2012
Слика
КОМПЈУТЕРСКА УБАВИНА
Петок, 17 Декември 2010
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ПОВРЕДЕНИ СПОРТИСТИ
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
ЧУДНИ МОЗОЧНИ ФЕНОМЕНИ
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ТРЕТО ОКО
Вторник, 12 Април 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



МИТОВИ ЗА ВРСКИТЕ И СЕКСОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 8698 пати
Среда, 16 Ноември 2011 09:19

Некои непишани правила од минатото во однос на врските, сексот и парите веќе се митови...

секс
Спонтаниот секс не постои, оној за една вечер не е само за една повеќе, разговорот за пари на почетокот на врската сега веќе е пракса.
Некои психолози, социолози и експерти за љубовни врски согласни се дека е време за освежување во подрачјето на интимните односи, зошто велат придржување кон одредени правила може да  доведе до занемарување на интуицијата и вистинските случувања и искуства, а најстрашно е несогледувањето на реалноста.

пар разговара
Жените порано под никои услови не би прифатиле заеднички живот без венчавка, зошто засекогаш ќе останат стари моми. Но, истражување на американскиот национален центар за здравствени статистики покажа дека и паровите кои живеат заедно пред да се венчаат имаат исти шанси за среќен брак. Плус, додава д-р. Бил Клок, на некој начин е и тест дали бракот воопшто би функционирал.

брак

Истражувањето на Универзитетот Ајова пак покажа дека сексот за една вечер не ретко бил вовед во сериозна врска.
“Сексот без обврски луѓето веќе не го доживуваат како нешто што би можело да го загрози почетокот на потенцијална врска,“ појаснува социологот Ентони Пејк. Сексологот Лори Минц ја отвора темата за планиран и спонтан секс, истакнувајќи дека колку што првиот може да биде возбудлив, толку вториот може да биде неостварлив. Возбудливиот и страстен секс, продолжува Минц, се случува кога човек го планира и го исчекува со нетрпение, појаснувајќи дека самото планирање на сексот е возбудлива предигра.

скаран пар во кревет


Претходно со години експертите ги советуваа паровите доколку имале некоја расправија, да се смират пред да си легнат, но сега некои психолози велат сепак утрото е помудро од ноќта.
“Тешко е човек нормално да комуницира кога е лут, па затоа е подобро да се наспие и наутро да размисли за се што се случувало и да се смири со партнерот,“ истакнува Бетани Маршал, експерт за љубовни врски.

пари и врска

Како “новитет“ во односите меѓу двојките експертите ја посочуваат и дискусијата за пари на почетокот на врската, со предлог да ја практикуваат и да не се срамат да разговараат за евентуални финансиски проблеми.
“Луѓето често грешат бидејќи не сакаат да разговараат за пари на почетокот на врската. Но, партнерите подобро е да знаат дали делат исти став во однос на финансиските прашања пред да почнат сериозна врска, зошто тоа подоцна може да се појави како огромен проблем,“ заклучува д-р. Бил Клок.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.