RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЛАЖНА НАСМЕВКА
Четврток, 10 Март 2011
Слика
ЗОШТО СОНУВАМЕ?
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
СЕЛЕКТИВНА ПЕРЦЕПЦИЈА
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
МУНЧХАУЗЕН СИНДРОМ
Петок, 05 Август 2011
Слика
ЛОШИТЕ СОНИШТА СЕ ДОБРИ ЗА ВАС
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ВАШАТА МАЈКА
Понеделник, 10 Октомври 2011
Слика
КОЛКУ СЕ САМОСТОЈНИ ТИНЕЈЏЕРИТЕ?
Четврток, 22 Септември 2011

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



СЕКС "НА ГЛАДНО" PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 7778 пати
Вторник, 15 Ноември 2011 11:47

Повеќе од 25% од младите жени признале дека се предаваат уште во текот на првата недела од врската...

секс

Економската криза ги води мажите полесно и поефтино до секс,  жените масовно почнаа да ја прескокнуваат предиграта на частење пијачки и муабети за сериозна врска. "Цената на сексот ги подразбира напорите кои едната страна ги вложува за да ја натера другата на секс. Тука спаѓа купувањето пијачки или евентуално свршенички прстен", објаснува Кетлин Вос од универзитетот во Минесота.
Денес сексот толку поефтинел, што дури 30% од сексуалните врски на младите мажи немаат никаква романтика, односно додворување, праќање смс пораки или излегување на состаноци. Ништо. Само секс.

економска криза
"Нема сомнение дека мажите повеќе сакаат секс од жените. Иако звучи како некоја излитена фраза, сепак тоа е факт кој жените со години го користеа за да ја одржуваат цената на сексот висока. Но, со денешната рамноправност на половите, апчињата за контрацепција и интернет порното, жените ја загубија контролата над тој 'пазар'", коментира Вашингтон Пост. Делумно за тоа е виновен законот на понуда и побарувачка. Пример за тоа е фактот што 57% од студентите на американските колеџи се жени. Со таков дисбаланс, жените го користат сексот за да се натпреваруваат со бројната конкуренција.

брак

Ако сексот им е премногу достапен на некои мажи, тогаш во иднина тешко дека ќе може нешто да ги натера да се оженат. Дури ни љубовта. Во текот на последната деценија, бројот на оженети мажи на возраст од 25 и 34 години опаѓал за по 1% и стигнал на денешните 46%.
Економската криза е дополнителен фактор кој ги одвраќа мажите од сериозни врски.
"Да бидеме реални, на денешните жени не им требаат мажите и бракот, барем не од економски, социјални и културни причини. Мнозинството жени се жалат на мажите и романтичните средби а ретко кога на другите девојки", нагласува Марк Регнерус, социолог на универзитетот во Тексас.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.