RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТРОЕН МОЗОК
Четврток, 13 Јуни 2013
Слика
КАКВИ СТЕ ВО ОДНОС НА ПРАВИЛАТА?
Понеделник, 21 Јануари 2013
Слика
КАКО УТВРДУВАМЕ КОЈ Е ГЛАВЕН?
Вторник, 13 Ноември 2012
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ТРОШЕЊЕТО И ШТЕДЕЊЕТО
Понеделник, 28 Октомври 2013
Слика
ВЕРБА ВО ЖИВОТ
Петок, 19 Ноември 2010
Слика
ЕМОЦИИ БЕЗ ЈАЗИК
Четврток, 10 Ноември 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



ПОВЕЌЕ СЕКС ЗА ПОСРЕЌЕН БРАК PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6010 пати
Вторник, 08 Ноември 2011 11:27

Експертите, и филмовите на Вуди Ален укажуваат дека невротичните луѓе имаат повеќе проблеми во врските и во бракот. Едно ново истражување покажува дека најдобриот лек за ова е многу секс, особено за младите брачни парови...

среќен пар

Всушност, истражувачите тврдат дека невротичните партнери кои често имаат секс, чувствуваат големо задоволство кое е скоро еднакво како кај партнерите кои немаат проблем со нервозите.
Невротичноста е склоност кон доживување негативни емоции, и ваквите лица лесно се вознемируваат, менуваат расположение и постојано се грижат за нешто. Невротичните луѓе се помалку задоволни од љубовта и љубовните врски и многу почесто се разведуваат.
„Невротичноста е тесно поврзана со лошите исходи од бракот и овој фактор е всушност највлијателен,“ – велат Мишел Расел и Џејмс Мекнолти од Универзитетот во Тенеси.

водење љубов


Но, сексот во бракот ги прави луѓето посреќни – други истражувања покажаа дека сексуалните врски го подобруваат расположението наредниот ден. Расел и Мекнолти сакаа да дознаат дали честата сексуална активност ги брише негативните влијанија на невротичноста.
Тие правеа анализа на 72 млади брачни парови во текот на првите 4 години од бракот – и двата партнери даваа информации – и заедно и индивидуално – зборуваа за сопственото задоволство од сексот во текот на 6 месеци.

зет и невеста


Во просек, паровите признаа дека имале секс еднаш неделно во текот на првите 6 месеци од бракот, и околу 3 пати месечно во текот на првите 4 години од бракот. Кога биле заедно, сметале дека се задоволни и дека имаат добар брак и нивната врска ги прави среќни.
Задоволството од бракот не беше поврзано со тоа колку често партнерите имале секс – барем не на почетокот на бракот и првите 4 години. Оние парови кои беа многу задоволни од бракот, често имаа секс, но имало периоди кога немале чест сексуален однос – сексуалниот контакт не бил пресуден за задоволството во бракот.

секс
Но, Расел и Мекнолти открија еден значаен исклучок. Кај партнерите кои биле прилично невротични, честиот секс го зголемувал задоволството во бракот. Влијанието на честата сексуална активност било доволно да се пополни среќата што невротичните партнери ја немале претходно.
„Честиот секс е еден начин на кој невротичните луѓе си ја подобруваат врската,“ – велат авторите.
Сексуалните врски се особено значајни во првите години од бракот, а за некои, но не за сите – честиот секс ја зголемува среќата во бракот. Оваа среќа се зајакнува без разлика на тоа каков бил бракот на почетокот на истражувањето – честиот секс им помага на невротичните партнери да го подобрат бракот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.