RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



3 ТАЈНИ НА ПОРНО МОЗОЦИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 11815 пати
Четврток, 03 Ноември 2011 17:51

Од огромната ризница на сексуални веб пребарувања, невролозите дојдоа до потресни лекции за скриените желби...

секси девојка

Со својот широк распон и единствен потенцијал за анонимност, Интернетот пушта глас до нашите најдлабоки потреби и најпотиснатите мисли. Инспириран од неспреченото изразување кое е достапно онлајн, невролозите Оги Огас и Саи Гадам започнаа да инсталираат неколку избрани пребарувачки алатки (вклучувајќи Dogspile и AOL) за да го создадат најголемиот светски експеримент за сексуалноста во 2009 година. Тие ги набљудуваа приватните активности на повеќе од 100 милиони мажи и жени низ светот и дојдоа до најмасовното истражување за човечката сексуалност во минатите 50 години, кога познатиот биолог Алфред Кинси интервјуираше повеќе од 18 000 луѓе од средната класа за нивната сексуалност во периодот од 1948 до 1953 година.

фетиш девојка

Потпирајќи се на работата на Кинси, невролозите долго време сметаа дека машката и женската сексуалност постои на различно ниво. Но како и самиот Кинси, тие беа попречувани од сомнителната доследност на самосказите за сексуалното однесување и преференции како и од малиот примерок. Тука примена наоѓа Интернетот. Со пристап до суровите податоци од веб пребарувањата и користејќи ја помошта на Алекса - компанија која го мери веб сообраќајот и објавува листа на најпопуларни сајтови во светот - Огас и Гадам ги осветлија скриените желби, царство на страст, фетиш и своебразност за кои, како и далечната страна на месечината, има малку увид.

тинејџерки

Прва лекција: возраста е важна, но младоста не е единствената која привлекува.

Највлијателната машка реплика е хронолошка. Возраста доминира во сексуалните пребарувања, содржините на страните за возрасни и порнографските видеа. На Dogpile, термините кои ја опишуваат возраста се најчест вид на придавка при сексуалните пребарувања, појавувајќи се во секое шесто пребарување. Кога софтверот на машките желби ја проценуваат појавата на жената, една од најистакнатите критериуми е возраста - и тоа не само младоста. Многу сексуални пребарувања на Dogpile содржат специфична возраст, како на пример "25 годишни" или "секси 40 годишни". Иако популарноста на возрасните жени не ја достигнува онаа на тинејџерките, важно е да се напомене дека повеќето мажи пребаруваат 50 годишни отколку 19 годишни. Има прилично шокантен број на пребарувња за малолетни девојки, но може да се изненадите и дека има исто запрепастувачки еротски интерес за 60 и 70 годишни жени. На еден од најпосетените порно сајтови, најпопуларниот термин кој го внесуваат корисниците во пребарувачката алатка е зборот мајка. На AOL, еден во четири луѓе кои пребарувале за сексуално атрактивни мајки, пребарувале и за тинејџерки.

возрасна жена

Втора лекција: мажите се ловци "брзи на орозот".

На Интернет, машката желба е осамена. Мажите седат сами кликајќи на видеа и слики, ретко барајќи да ги споделат своите вкусови и искуства со другите мажи. Мислењето на другите мажи за тоа што е секси се нерелевантни или збунувачки. Мажите не бараат други информации за жените од оние кои можат да ги видат со сопствените очи. Тие се среќни и кога мастурбираат самите во авионската бања или на задните седишта од класот - или во нивната канцеларија.

Осамени, лесни за предизвикување, насочени кон целта, со нагон за лов и малку будалести. Со други зборови, софтверот на желби кај машкиот мозок е како Елмер ловецот. Елмер, лик од цртаните со Душко Долгоушко на Луни Тунс, секогаш е на лов на специфична мета: зајаци. Елмер е осамен ловец. Тој е брз на орозот. Во моментот кога ќе здогледа зајак - или смета дека здогледал - го притиска орозот.

душко долгоушко и елмер ловецо

Тој лесно се залажува од патките преправени како зајаци и други трикови кои му ги поставува Душко Долгоушко. Но, дури и кога Елмер стрела во лажен зајак, никогаш не се безохрабрува. Повторно го полни оружјето и се враќа назад. Утре е нов ден за лов. Нова шанса да се улови зајак.

Машкиот мозок е дизајниран да биде визуелно пореактивен на сексуални стимули отколку женскиот мозок. Машката возбуда се потпира на две структури лоцирани во субкортексот: амигдалата и хипоталамусот. Амигдалата е одговорна за емотивните реакции. Хипоталамусот е моторот на сексуалната возбуда. Во студиите во кои и мажите и жените гледаа порнографија, амигдалата и хипоталамуст беа посилно активирани кај мажите. Она во што се сомневавме е вистина: машкиот мозок е дизајниран да ги објективизира жените.

дебела девојка

Трета лекција: кога никој не гледа, големото е прекрасно.

Како младоста, така и големината на женското тело изгледа е вроден предизвикувач на возбуда кај мажите. Придавките кои ја опишуваат големината на телото се трети најчесто користени придавки кои се јавуваат во пребарувањата. Поголемиот дел од овие пребарувања не се во потрага на тенките тела на моделите од рекламите. На секое пребарување за "слаба" девојка, има речиси три пребарувања за "дебела" девојка. На листата на Алекса има повеќе од 504 сајтови за возрасни кои се експлицитно доделени на големите дами и само 182 кои им се посветени на слабите. Големите жени на сајтовите за возрасни се со големи гради и колкови. Всушност, севкупниот впечаток произлегува визуелните сигнали на женственоста со супер големина.

дебела девојка

Многу сексолози веруваат дека односот на струкот и колковите кај жените е визуелен сигнал за мажите. Некое истражување укажува дека мажите низ специфичниот одност на струкот и колковите (0,7) го перцепираат како највозбудлив. Дури и одреден дел во мозокот кој е поврзан со процесот на задоволување се активира кога мажот забележува идеален однос на струкот со колковите.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.