RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА ГЛАДЕН МАЈМУН
Среда, 01 Декември 2010
Слика
ДОБРИТЕ МОМЦИ СЕ "ИН"
Вторник, 07 Декември 2010
Слика
ЗОШТО СМЕ СИТЕ ЛУДИ
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
МУЗИКА И ЕМОЦИИ
Вторник, 01 Февруари 2011
Слика
ИСПЛАЧЕТЕ СЕ
Сабота, 18 Декември 2010
Слика
БЛИСКИ, А СТРАНЦИ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
МОЗОК ИСТО ШТО И КОМПЈУТЕР
Вторник, 09 Август 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



ПРЕРАН ОРГАЗАМ - ПРОБЛЕМ ЗА ЖЕНИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 8838 пати
Вторник, 01 Ноември 2011 17:33

Немаат само мажите проблем со прераниот оргазам. Според едно ново истражување, постои мал процент на жени кои исто така се соочуваат со преран оргазам...

предигра

Истражувањето кое било направено врз жени од Португалија, покажало дека 40% од жените повремено доживуваат оргазам прерано. Овој проблем станал хроничен кај околу 3% од нив.

„За овие жени, прераниот оргазам е навистина проблем," – вели Серафим Карвало, истражувач од една болница во Порто, Португалија. „Сметаме дека исто влијае и врз жените и врз мажите."

џенифер лав хјуит

Прерано свршување

Според традицијата, прераниот оргазам се случува и кај жените, иако на тоа не се обрнува големо влијание. Карвало и неговите колеги најдоа некои чудни податоци за сексот. Иако прераниот оргазам кај мажите се смета за дисфункција, не постои ваква категорија кога жените се во прашање.

За да откријат дали прераниот оргазам претставува проблем за жените, Карвало и неговите колеги направија анкета врз жени од Португалија на возраст од 18 до 45 години. Во анкетата имаше прашања за честата појава на преран оргазам, и дали притоа жената се почувствувала како да изгубила контрола и дали тоа за нив претставува проблем. Во анкетата имаше и прашања за тоа колку жените се задоволни од нивната врска.

љубов на плажа

60% проценти, односно 510 жени ја пополнија анкетата. Од нив, 40% доживеале оргазам порано отколку што очекувале. Другите 14% признаа дека тоа често им се случувало.

Други 3,3% рекле дека сметаат дека имаат проблем поради прераниот оргазам, вели Карвало. Меѓутоа, немало никаква поврзаност помеѓу појавата на преран оргазам и задоволството од врската.

водење љубов

Стрес и фрустрации

„На една страна стојат жените кои имаат целосна контрола врз нивниот оргазам" – вели Карвало. „На сосема спротивна страна се оние кои немаат контрола врз нивниот оргазам кој го доживуваат многу рано за време на сексот а тоа потоа доведува до незадоволство кај жената а понекогаш и кај партнерот."

Една од жените рече: „Се чувствувам исто како што се чувствуваат мажите кога имаат прерана ејакулација – јас многу брзо свршувам, и така мојот дечко не добива никаква шанса и тоа почнува да ме нервира," – вели таа. „Кога еднаш ќе доживеам оргазам, не можам да продолжам, се менува расположението и на крај работите завршуваат лошо."

водење љубов

Иако прераниот оргазам е проблематичен, сепак, поголем проблем е неспособноста за доживување оргазам. Едно истражување од 2010 година покажа дека најголемиот проблем кај жените е баш таа неспособност за достигнување оргазам. Околу 54% од жените на возраст од 18 до 30 години се жалат за овој проблем.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.