RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОД ВАС ЗАВИСИ
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
МАЈМУНСКА ПРОСТИТУЦИЈА
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
БИДЕТЕ ЗАФАТЕНИ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
Х-МЕН ЗАБРАНЕТ ЗА МОМЦИТЕ
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
СО ЖЕНСКИ МУАБЕТ ДО ДЕПРЕСИЈА
Среда, 23 Февруари 2011

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



ФАКТИ ЗА БАКНУВАЊЕТО PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 4.50 од можни 5)
прочитано 12055 пати
Среда, 26 Октомври 2011 09:42

Без разлика со кого сте го доживеале вашиот прв бакнеж, сигурно знаете дека тој остава впечаток кој останува на вашите усни долго потоа...

француски бакнеж

Бакнувањето игра голема улога во врската. „Бакнувањето ја негува врската" – вели Мајкл Кристијан, автор на книгата Уметноста на бакнувањето. „Колку повеќе луѓето се бакнуваат, толку подобро комуницираат на романтично ниво."

Првиот бакнеж

Киркланд Дезмонд, софтверски инжинер, сосема добро се сеќава на неговиот прв бакнеж со сопругата пред околу една деценија. Седеле на каучот во дневната соба на нејзиниот татко и кога се наведнал да ја бакне, изгубил контрола и паднал од каучот заедно со неа.

дечиња се бакнуваат

„Бев толку вознемирен затоа што таа беше премногу добра за мене," – вели тој. „Ние прв пат се бакнавме додека се смеевме и денес, после 10 години заедно, уште се бакнуваме и се смееме секогаш кога имаме прилика."

Ако вашиот прв бакнеж, а и сите што потоа следуваат не се онакви какви што сте очекувале дека ќе бидат, разговарајте за тоа. Многу парови се срамат да зборуваат за тоа.

Без срам треба да разговарате со партнерот за тоа што ви пречи и што ви одговара, но треба и да го слушнете и нивното мислење.

бакнеж на плажа

Грешките кај мажите и жените

Повеќето од нас точно знаат што сакаат. Кога станува збор за стилови на бакнување, сите сакаат бакнежи што "палат".

Кристијан вели дека најголемата грешка што ја прават мажите е преголемата агресивност со јазикот. А мажите тврдат дека жените не ја отвораат устата доволно широко.

Кристијан предлага бакнување на различни делови од лицето на партнерот а особено во делот на вратот и ушите. Дозволено е и благо грицкање на долната усна на партнерот.

нежен бакнеж на рамено

Направете го моментот незаборавен

Постојат два начина да го направвите бакнежот пријатен и незаборавен.

„Бакнувајте се со целото тело," – вели Марилин Андерсон, авторја на книгата Не се бакнувајте со жаба: Водич за девојки низ мочуриштето со мажи. „Вашите усни, без зборови треба да кажат: „Срце, ова не е се'". Секогаш постојат начини за освежување на бакнежот."

Таа советува да започете со нежен бакнеж по вратот па потоа кон ушите, па кон усните. Направете мала пауза, па повторно вратете се кај усните.

„Мојот совет за бакнување е следниот: Ставете ја раката на вратот на вашиот партнер," – вели Памела Вајс, маркетинг директор од Лос Анџелес. „Тоа ја зголемува страста, а тоа најмногу ви треба за да уживате."

бакнеж на вечера

Немојте да размислувате каде ќе ве однесе бакнежот. Уживајте.

„Добриот бакнеж е длабок и полн со чувства, тоа е начин да ја искажете љубовта без зборови." – вели Ден Ландо, студент. „Добриот бакнеж е авантура, а не само пат кон нешто друго."

Не се откажувајте

Страсните бакнежи најчесто ги има на почетокот на врската, или за време на медениот месец.

Меѓутоа, со текот на времето, луѓето забораваат на бакнежите и ја губат интимната врска, вели Андерсон. Околу 79% од жените признале дека не се бакнуваат со мажите, а сакаат да го прават тоа.

страсен бакнеж

„Мора да продолжите да ја играте играта со бакнежите" – вели Андерсон. „Емоционалното значење на бакнежот е огромно и не треба да се откажете од него."

„Кога сопругата ме бакнува, ми кажува дека ме сака без да зборува," – вели Дезмонд.

„Сега се бакнуваме подобро од порано." – вели Ландо. „После две и пол години заедно, се познаваме многу подобро. Кога прв пат се бакнавме, имаше искра. Сега има огномети."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.