RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КРЕАТИВНОСТ, СЕКС И ШИЗОФРЕНИЈА
Сабота, 30 Октомври 2010
Слика
ПАРИТЕ НЕ НОСАТ СРЕЌА
Среда, 12 Јануари 2011
Слика
НЕСОНИЦАТА Е НАСЛЕДНА
Понеделник, 06 Декември 2010
Слика
ЉУБОВ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Сабота, 18 Декември 2010
Слика
САМОКОНТРОЛА ЗА УСПЕХ
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
РОБОТ НА ИДНИНАТА
Вторник, 07 Декември 2010

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



СЕКС И ТЕЛЕВИЗИЈА, МАЈКИ И ДЕЦА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4758 пати
Вторник, 25 Октомври 2011 12:57

Сметате ли дека е можно врската помеѓу тинејџерите и нивните мајки да помогне при намалувањето на негативните влијанија што телевизијата ги прави врз нив а се поврзани со сексуалното однесување?...

мајка и ќерка

Тоа зависи од нивниот пол, вели едно ново истражување направено од страна на Лаура Ванденбош и Стивен Егермонт од Универзитетот Леувен во Белгија. Кај девојчињата, добриот однос со нивните мајки служи како заштита. Од друга страна, за машките, силната врска со мајките предизвикува појава на типични сексуални однесувања кои се прикажани на телевизија.

девојче гледа телевизија

Истражувањата покажуваат дека мајките на адолесцентите ги учат нивните деца за сексуална одговорност и популарни сексуални однесувања. Истражувањето на Ванденбош и Егермонт анализира дали нивната мајчинска приврзаност може да го совлада негативното влијание што им го нанесува телевизијата на адолесцентите во врска со сексуалното однесување и особено дали мајчинската врска има исто влијание кај момчињата и девојчињата.

пар во кревет

Истражувачите направиле анкета врз 1 026 деца на возраст на 16 години од 9 различни училишта во Белгија. Тие ги анализираа нивните ставови во врска со сексот, како на пример врската со партнерот или случајниот секс; ги анализирали нивните ставови во врска со стереотипите за улогите на двата пола; времето поминато пред телевизор и степенот на поврзаност со нивната мајка.

девојче и мајка во прегратка

Во просек, тинејџерите поминуваа околу 23 часа пред телевизор неделно, или повеќе од три часа на ден. Во целина, и момчињата и девојчињата беа задоволни од нивниот однос со мајката. Како што се претпоставуваше, колку повеќе гледале телевизија, повеќе биле сексуално активни и повеќе се согласувале за стереотипите кои важат за двата пола, особено за доминантноста на машките.

Во целина, мајчината приврзаност имаше позитивно влијание врз однесувањето на адолесцентите. Колку посилна била нивната рска, помалку се оддавале на повремени сексуални активности.

мајка тинејџерка

Кога се анализираше влијанието на телевизијата и мајчинската приврзаност, резултатите покажаа дека мајчината приврзаност има поинакво влијание. Од една страна, мајчинската поврзаност го намалуваше негативното влијание од медиумите кај девојчињата – девојчињата кои беа силно поврзани со мајката беа побезбедни од негативното влијание на телевизијата поврзано со сексуалното однесување. Од друга страна, пак, кога момчињата беа силно приврзани за мајката тие повеќе потпаѓаа под влијание на негативните влијанија на телевизијата поврзани со сексот.

Авторите заклучуваат: „Нашата работа дава информација за врската помеѓу мајчината поврзаност, телевизијата и полот како и влијанието на мајчината приврзаност врз детето кога во прашање е сексуалната активност. Се покажа дека оваа комбинација го зголемува ризикот кај момчињата, а го намалува кај девојчињата."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.