RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СОНИШТА И ИДНИНА 2
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
ПРОБЛЕМИ ПРИ КОМУНИКАЦИЈАТА
Недела, 15 Септември 2013
Слика
КОЛКУ ПОСТАРИ, ТОЛКУ ПОСЕКСУАЛНИ
Вторник, 18 Октомври 2011
Слика
СЕКС СО РОБОТ
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
6 МИТОВИ ЗА АНОРЕКСИЈАТА
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
СМРТТА ВЛИЈАЕ ВРЗ ЖИВОТОТ
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
ТЕХНО МОЗОК
Понеделник, 20 Декември 2010

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



ДАЛИ СИТЕ ЖЕНИ СЕ БИСЕКСУАЛНИ? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 6144 пати
Сабота, 22 Октомври 2011 09:36

Истражувачите од Универзитетот 'Боис Стејт', во американската држава Ајдахо, открија дека повеќето хетеросексуални жени имаат и бисексуални склоности...

љубовен тријаголник

А ако сакате во бројки дури 60% сексуално ги привлекуваат жени, 45% бакнале жена, а половина имаат сексуални фантазии за припаднички на истиот пол.

Според психологот проф. Елизабет Морган, објавените податоци не треба да не изненадуваат, бидејќи жените често се охрабрени да чувствуваат емоционална блискост една кон друга. А, тоа од своја страна дава можност за развој на романтични чувства и интимни врски.

пар девојки

Жените со часови делат интимни искуства и развиваат силни врски помеѓу себе. Кога хетеросексуалните жени почнуваат да фантазираат за себе, секогаш во основата се крие емоционалното привлекување, уверена е Елизабет Морган.

Според неа ништо не ја спречува една жена да биде хеторесексуална, но и да има интереси и фантазии кон истиот пол. Експертите наведуваат дека голема улога во сексуалната привлечност меѓу жените имаат и медиумите, кои во модерното време се повеќе промовираат бисексуалност.

бисексуалки

„Жените во медиумите често се прикажуваат со нагласена сексуалност, а пораката која постојано им се пренесува на жените е дека изгледот е многу важен. Заради тоа тие ги гледаат другите жени на сексуален начин", објаснува Морган.

Специјалистите ги анализирале резултатите од над 1 милијарда пребарувања на интернет и со изненадување утврдиле дека жените подеднакво се интересирале за фотки на Рајан Гослинг, како и за голи фотки на Џесика Алба.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.