RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДРОГА ПРОТИВ КРАЖБИ
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
КАКО РАБОТИ МЕМОРИЈАТА?!
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
СЕЛЕКТИВНИ СПОРТСКИ ФАНОВИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
ТРЕТО ОКО
Вторник, 12 Април 2011
Слика
КРЕАТИВНОСТ ЗА ДРУГИТЕ
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
ГООООЛ!
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
НАМИРИСАЈТЕ ГО СТРАВОТ
Сабота, 11 Декември 2010

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



ГЛАВОБОЛКАТА И СЕКСОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 3.00 од можни 5)
прочитано 4427 пати
Сабота, 01 Октомври 2011 17:01

Сексот може да предизвика или да излече главоболка. Во кои случаи сексот е добро решение за главоболката, а кога треба да се избегнува?

секс

Тешко е да се објаснат некои работи за сексот. Податоците на оваа тема не се стабилни и се преполни со сомнежи. Најчестиот заклучок е дека се' зависи од поединецот и видот на главоболка.

Главоболката не е изговор, туку причина за секс

Постои едно истражување за главоболката кое е направено во 1998 година во Оклахома. Една од жените кои учествувале во истражувањето, отворено зборувала за поврзаноста на нејзината мигрена и сексуалните односи. Таа му призна на Џејмс Кауч, професор од Универзитетот во Оклахома, дека имала почести проблеми со главоболка откако се разведила, со што му дала идеја на професорот да спроведе истражување за поврзаноста на главоболката и сексот. Се покажа дека еден биолошки процес – климактериумот, блокира друг – болката. Во истражувањето беа вклучени 84 жени. Две третини од жените имале сексуални односи и чести мигрени. 61% од жените рекоа дека сексот ја намалувал болката. Ова ниво на ефективност може да се спореди со ефектите што ги имаат некои медикаменти против мигрена.

главоболка

20% од жените рекоа дека мигрената целосно исчезнала, додеа пак просечната ефикасност на медикаментите била 30%. Резултатите од истражувањето се слични со едно друго истражување спроведено на медицинската школа во јужен Илиноис, кадешто врската меѓу сексот и мигрената била испитувана врз 52 лица. Главоболката се појавувала како резултат на хормонска нерамнотежа, особено кај лица со високо ниво на естроген. Главоболките кај жените (и мигрената), како резултат на хормонско пореметување се појавувала најчесто за време на пмс, а сексот се покажал како добар лек за регулирање на рамнотежата. Ако ги земете во предвив несаканите последици од медикаментите, ќе ви стане јасно дека сексот е најдобар лек!

секс на плажа

Позитивното влијание на сексот врз главоболката

Научниците нудат две можни објаснувања за тоа зошто сексот е ефикасен кај луѓето со мигрена. Едно објаснување е дека ендорфинот и други хормони кои ја намалуваат болката се лачат за време на сексот. Пред да се постигне оргазам, нивото на окситоцинот се зголемува за пет пати. Ендорфинот има ублажувачки ефект врз сите проблеми, од артритис до главоболка. Естрогенот кај жените помага во периодот пред менструација. Второто објаснување се фокусира на стимулацијата на нервите што ја намалуваат болката. Некои пак се скептични и велат дека сексот ја намалува главоболката, но тоа е само привремено.

главоболка

Главоболката не е секогаш само изговор

Не практикувајте секс ако сте дехидрирани. Главоболката е резултат на дехидрација и може само да се влоши и да стане посериозна. Исто така, сексот не е лек за сите видови на мигрена. Професорот Рандолф Еванс вели дека во 10% од сите случаи, сексот предизвикува главоболка. И покрај тоа што постои стереотипот дека жените се тие кои ја користат главоболката како изговор, мажите чувствуваат главоболка после сексот. Таканаречената "оргазмична главоболка" се јавува кај 1% од мажите. Постои и група на мажи кои чувствуваат главоболка поради употребата на Вијагра.

секс

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.