RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕМОЦИИ И ДЕМЕНЦИЈА
Вторник, 15 Март 2011
Слика
ЕСЕНСКО - ЗИМСКА ТАГА
Петок, 25 Ноември 2011
Слика
НЕАНДЕРТАЛЦИ ГУРМАНИ
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ВИНО ЗА ДОЛГ ЖИВОТ
Понеделник, 14 Февруари 2011
Слика
АВАТАР ВО ЖИВО
Вторник, 01 Март 2011
Слика
КОНТРОЛА НА ЕМОЦИИТЕ
Вторник, 19 Март 2013

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер



ЖЕНИТЕ ПРАВАТ РАЗЛИКА!!! PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5993 пати
Среда, 28 Септември 2011 12:39

Кога жената е во фаза на овулација, може да открие дали еден маж е хетеросексуалец и тоа без да го гледа во лицето, покажува едно ново истражување направено од страна на психолозите на Универзитетот во Торонто.

жена гледа во маж

Исто така, зголемувањето на романтичните вибрации предизвикува и зголемување на чувствителноста на жените при откривањето дали еден маж е хетеро или хомосексуалец.

„Овој ефект не е очигледен кога жената треба да ја одреди сексуалната ориентација на друга жена," – вели Николас Руле, лидер на истражувањето. „Ова потврдува дека плодноста влијае врз хетеросексуална жена и нејзиното внимание кое е насочено кон потенцијалните мажи кои ги бара за парење."

хомосексуалци

Во првиот од трите експерименти, 40 девојки требаше да гледаат 80 слики со лица од мажи и да ја одредат нивната сексуална ориентација; 40 од нив беа хомосексуалци, додека пак останатите 40 беа хетеросексуалци. Мажите не се разликуваа во привлечноста или во изразувањето на емоциите, затоа девојките беа оставени само на нивната интуиција.

Девојките претходно дадоа информации за датата на нивниот последен менструален циклус и просечното траење на истиот; ниту една од нив не користеше апчиња за контрацепција.

маж гледа во жени

Истражувачите ја споредија точноста на проценката на девојките со нивната фаза на плодност, и открија дека оние кои се во највисоката фаза на овулација беа најточни при проценката на сексуалната ориентација кај мажите на сликите.

Во вториот експеримент, 34 девојки гледале фотографии со женски лица, од кои 100 биле хомосексуалки, а други 100 биле хетеро. Интересно е тоа што фазата на плодност немала никаква врска со проценката за сексуалната ориентација.

жена гледа во фотографии

„Овие податоци покажуваат дека прецизноста кај жените варира во текот на циклусот на плодност, но во секој случај, за жените побитни се мажите и нивната сексуална ориентација, па можеби заради тоа се покажаа како повеќе прецизни при одредувањето на сексуалната ориентација кај мажите." – вели Руле.

Оваа претпоставка се користеше во третиот експеримент. Половина од испитаничките требаше да прочитаат приказна во која се опишуваше романтична средба, а другата половина немаше задача. Потоа требаше да дадат проценка за сексуалната ориентација за луѓето на сликите. Истражувачите открија дека средбата во приказната служела како мотивација во нивните проценки, затоа, оние кои читале за романтична средба биле прилично прецизни при одредувањето на сексуалната ориентација на мажите на сликите.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.