RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕМОЦИИТЕ СЕ ВРОДЕНИ, А НЕ НАУЧЕНИ
Вторник, 02 Ноември 2010
Слика
ПРЕКИНУВАМ..ИЛИ СЕПАК НЕ?
Петок, 22 Април 2011
Слика
БЕЗ СМС-И ДОДЕКА ВОЗИТЕ
Среда, 17 Ноември 2010
Слика
МАГНЕТ ПРОТИВ МОРАЛ
Вторник, 08 Март 2011
Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТОТ ЛЕКУВА!
Четврток, 03 Ноември 2011
Слика
КАКО ДА ГИ ОТКРИЕТЕ "ЛАЖГОВЦИТЕ"?
Сабота, 08 Октомври 2011
Слика
СЕКС "НА ГЛАДНО"
Вторник, 15 Ноември 2011
Слика
АЛКОХОЛОТ ДОБАР ЗА МЕМОРИЈАТА?!
Вторник, 09 Август 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



КОЈА БОЈА ГИ ПРИВЛЕКУВА МАЖИТЕ? PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 13005 пати
Вторник, 27 Септември 2011 19:18

Постојат бои кои ги носат жените а се особено привлечни за мажите. Еве како да ги привлечите мажите – ова е една психологија на привлечноста која ќе им помогни на сите сами девојки да пронајдат љубов!

модели на викторија сикрет

Психологијата на привлечноста не е само во книгите. Оние кои немаат партнер можат правилно да ја искористат за да привлечат маж и да започнат една исполнета љубовна врска.

Која боја е најпривлечна за мажите? Црвената.

Според пет психолошки експерименти поврзани со бојата, црвената воја е најпривлечна за мажите. Ова истражување покажува дека црвената боја ги прави жените позабележителни поради основните психолошки особини.

црвени усни

Зошто "дамата во црвено" е толку привлечна за мажите?

Ова истражување беше направено од страна на двајца психолози од Универзитетот во Рочестер и беше објавено на интернет на страната на Journal of Personality and Social Psychology.

Ендру Елиот, професор по психологија и Даниела Ниеста, истражувач и докторант, ги направија првите пет психолошки експерименти и заклучија дека црвената боја ја зголемува привлечноста на жените кај мажите – затоа, мажите за состанок би избрале жена облечена во црвено.

„Неодамна психолозите и истражувачите почнаа системски да ја разгледуваат врската меѓу бојата и однесувањето," – вели Елиот. „Има доволно податоци за физиологијата на боите, но многу малку се знае за психологијата на боите. Многу е интересно тоа што една боја може да има толку големо влијание врз однесувањето и сето тоа да се случува потсвесно."

девојка во црвено

Влијанието на црвената боја

Во сите аспекти на психолошкото истражување, жените кои носат црвена боја се означени како "значително попривлечни и сексуално посакувани" од страна на мажите отколку жените кои носат други бои. Жените кои носеле црвена боја имале поголема веројатност да бидат поканети на забава или пак на скапа вечера. Ако сте срамежлива девојка која нема партнер, еве ви го одговорот!

Иако е јасен заклучокот дека црвената боја е најпривлечна за мажите, истата не ги зголемува очекувањата на мажите за интелигенцијата, љубезноста и останатите особини. Што значи, жените во црвено се попривлечни, но тоа не ги прави попаметни.

црвен автомобил

Дали мажите се свесни за оваа "психологија на привлечноста"?

Елиот и Ниеста велат дека мажите не се свесни за влијанието што бојата го има врз нив за тоа како ги перцепираат жените. Овие истражувачи исто така велат дека жените се попривлечни во црвена боја поради самите социјални услови а има и длабоки биолошки корени.

Претходните истражувања покажуваат дека нечовеколиките машки примати (бабуните и шимпанзата) се исто така привлечени од женките кога црвенеат. Женките зацрвенуваат кога се блиску до фазата на овулација и јасно праќаат порака која вели "дојди поблиску", а мажјаците исто така лесно ја читаат оваа порака.

мајмун со црвено лице

„Нашето истражување дава една паралела за начинот на кој луѓето и нечовеколиките мајмуни реагираат на црвено," – заклучуваат авторите. „Со тоа, нашите податоци ги потврдуваат претпоставките кои многу жени одамна ги бранеа – мажите се однесуваат како животни кога се споменува сексот. Колку и да сакаат мажите да мислат дека реагираат промислено кога жените се во прашање, по се' изгледа дека до одреден степен, и самите мажи се примитивни животни."

Сепак, иако црвената боја на жените им била најпривлечна на мажите, таа не ги прави жените попаметни или пак пољубезни. Односно, жените кои носат црвено може да се навистина привлечни – но не значи дека поради тоа тие се попаметни.

девојка

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.