RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕДИП И ЕЛЕКТРА
Среда, 09 Март 2011
Слика
НАМИРИСАЈТЕ ГО СТРАВОТ
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
КАКО ДА ЈА ОЖИВЕЕТЕ СТРАСТА?
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
6 СОВЕТИ ЗА ЛЕСЕН СОН
Среда, 03 Август 2011
Слика
5 ЧЕКОРИ ДО ЦВРСТА ВРСКА
Петок, 16 Декември 2011
Слика
СМИРУВАЧКИ БАКНЕЖ
Четврток, 06 Јануари 2011
Слика
ТЕОРИЈА ЗА ЖЕНИТЕ ВОЗАЧИ
Четврток, 08 Декември 2011
Слика
МОЗОК И ИНСПИРАЦИЈА
Понеделник, 21 Февруари 2011
Слика
СИТЕ СМЕ ПАРАНОИЦИ
Среда, 08 Декември 2010

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд



МРАЧНИТЕ И ГОРДЕЛИВИ МАЖИ СЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 8739 пати
Понеделник, 26 Септември 2011 11:15

Сите сме свесни дека рекламите во кои има мрачни мажи кои често се во друштво на убави жени, даваат претстава за сексуалност и декаденција. „Сликата" го продава производот, без разлика за каков производ станува збор.

тип со гавран

Перцепциите кои се појавиле како резултат на рекламите се точни затоа што испитувачите откриваат дека жените сметаат дека среќните мажи се помалку сексуално привлечни отколку мрачните и повлечените мажи. Истражувачите велат дека овие податоци лесно ја објаснуваат целата фама на "лошите момци".

Истражувањето кое може да ги натера мажите да се смеат помалку на следните состаноци и да ги променат нивните фотографии на нивните профили, покажува драматични разлики мегу половите во начинот на кој мажите и жените ја рангираат сексуалната привлечност на невербалната комуникација, често изразена преку среќа, гордост или срамежливост.

тип во профил

Авторите потенцираат дека многу малку истражувања ја анализирале врскате меѓу емоциите и привлечноста и ова е првото истражување кое укажува на значајната разлика за привлечноста на насмевката.

Исто така, искажувањето на гордост и срамежливост играа голема улога во целото истражување.

„Среќните лица се клучни за градење пријателски социјални односи, па дури и оние кои се поврзани со сексуалната привлечност – постојат истражувања кои истражуваат дали воопшто насмевката е привлечна," – вели психологот доктор Џесика Трејси. „Ова истражување покажува дека мажите и жените различно реагираат на емоции во кои е вклучена и насмевката."

маж и жена

Низ серија истражуваеа, повеќе од 1 000 возрасни испитаници ја оценуваа сексуалната привлечност на стотици слики на кои имало луѓе од спротивниот пол кои искажувале среќа (широки насмевки), гордост (исправена глава и истакнати гради) и срамежливост (наведната глава и затворени очи).

Истражувањето покажа дека жените ги сметале среќните мажи за не толку привлечни и ги преферирале оние кои биле горделиви па и оние кои биле срамежливи.

Од друга страна, мажите сметале дека среќните жени се најпривлечни а оние кои биле горди не им биле многу привлечни.

манакен

„Битно е да се забележи дека истражувањето се базира на првите впечатоци што испитаниците ги добиваа од лицата на сликите," – вели Алек Беал, студент по психологија.

„Не баравме од испитаниците да размислуваат дали лицата од сликите би биле добри партнери – сакавме да ги видиме нивните првични ракции на сексуална привлечност." Тој вели дека претходните истражувања откриле дека позитивните особини и љубезноста биле прилично посакувани кога би станувало збор за врска.

Трејси и Беал велат дека другите истражувања покажуваат дека тоа што луѓето го сметаат за привлечно било формирано со векови под влијание на еволуцијата и развојот на културата. На пример, теориите за еволуција предлагаат дека жените ги привлекуваат мажи кои ја покажуваат гордоста со тоа што им се наметнуваат и им даваат до знаење дека се способни да бидат силни партнери и погодни за имање деца.

dougbell03

Според Беал, искажувањето на гордост е типично за мажите и тоа ним сосема им одговара да го прават. „Претходните истражувања покажаа дека, според жените, оваа особина е најпривлечна машка карактеристика" – вели тој.

Истражувачите велат дека е потребна дополнителна работа за да се разбере зошто постојат таквите различни реакции кон среќата што укажува дека и тоа е феномен кој треба да се објасни според принципите на еволутивната психологија како и социо-културните норми меѓу половите.

На пример, претходните истражувања ја поврзуваат насмевката со недостиг на доминанција и баш тоа ги прави жените "понизни и ранливи", но тоа не важи за мажите, затоа што тие изгледаат "силни и тивки". „Претходните истражувања покажуваат дека среќата и насмевката, како изрази на лицето, се карактеристични за жените," – додава Беал.

тип со гаврани

Изразите на срамежливост, вели Трејси, се поврзани со свесноста за социјалните норми и мирните однесувања што предизвикува доверба кај другите. Можеби затоа срамежливоста се покажа како привлечна кај двата пола, вели таа, затоа што и мажите и жените преферираат партнер во кој можат да имаат доверба.

Истражувањето ја испитуваше сексуалната привлечност помеѓу хетеросексуални мажи и жени од Северна Америка, но истражувачите велат дека во иднина ќе треба да се анализираат и односите меѓу емоциите и сексуалната привлечност помеѓу хомосексуалците во не-западните култури.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.