RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ХОЛИВУД ГИ ОЦРНИ "ПСИХОПАТИТЕ"
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
АВАТАР ВО ЖИВО
Вторник, 01 Март 2011
Слика
ИСПИТНА ТРЕМА
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
МАШКИ ИЛИ ЖЕНСКИ СТРЕС?
Среда, 10 Ноември 2010
Слика
КАКО ДА БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
ОПАСНОСТА ОД КОНТРОЛИРАЧКИ ЛИЧНОСТИ
Понеделник, 14 Јануари 2013

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



ЖЕНИТЕ САКААТ ГРУБ СЕКС PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 9018 пати
Среда, 14 Септември 2011 17:07

Можеби звучи застрашувачки, но многу жени фантазираат за груб секс со нивните партнери – секс што се граничи со силување.

девојка

Фантазии за груб сексуален однос

Врз база на неколку истражувања, многу психолози и сексолози сметаат дека многу жени фантазираат за груб секс кој се граничи со силување. Тука станува збор за еротски игри помеѓу паровите, каде што тие си делат улоги и не станува збор за сексуално малтретирање. Сексолозите и медиумите велат дека фантазиите за грубиот сексуален однос се меѓу првите 10 сексуални фантазии кај жените затоа што им даваат можност да ги исполнат нивните фантазии за груб и валкан секс без да чувствуваат вина или срам. Овие желби често вклучуваат атрактивен маж кои ја кини облеката на девојката. Таа не паѓа во искушение, но тој ја зема со сила без да постави било какво прашање. Девојката почнува да чувствува задоволство за време на пенетрацијата.

фетиш

И мажите наводно фантазираат за груб секс

Секогаш се работи за чувството на понизност и беспомошност – кога жената не може да му одолее на мажот. Партнерот ги претвора овие фантазии во реалност за жените со тоа што ќе се маскираат и ќе ги изненадат со нивната решителност и бруталност. Разликата помеѓу фантазијата и реалноста е тоа што фантазијата им дозволува на жените да имаат контрола врз настанот, што е навистина битно затоа што може да престанат со сексуалната игра кога сакаат и да го променат нејзиниот тек. Но, не фантазираат за силување само жените. Едно истражување од 1980 година покажало дека 45,8 проценти фантазирале за секс кадешто жената е доминантна и го користи мажот како сексуален објект. Ваквите видови на сексуално искуство често се опишуваат во феминистичката литература и се сметаат за фетиш.

фетиш

Груб секс и преземање улоги

Мора да сме без предрасуди кога зборуваме за тоа што прават луѓето во нивните спални соби. Иако многи фантазии и фетиши не се добро сфатени и објаснети, привлечноста на ваквите работи им е јасна на луѓето кои "се палат" на вакви работи. Фантазиите за груб секс се остваруваат само ако двајцата партнери го сакаат тоа. Инаку, тешко се спојуваат љубовта и насилството. Меѓутоа, улогите што ги играте за вашиот партнер немаат никаква врска со реалниот живот.

саманта од сексот и градот

Погрешни идеи

Необичните фетиши немаат никаква врска со реалните желби. Мажите не смеат да имаат погрешни идеи за женските фантазии за груб секс. Кога медиумите ги опишуваат фантазиите за груб секс, тие мислат на женските фантазии за тоа како мажите ги грабаат и без никаква романтика имаат секс со нив. Тие сакаат мажите нив да ги гледаат како сексуален предмет, а не како личност. Затоа, кога се вели "фантазии за силување", не значи дека жените мислат на вистинско силување.

доминација врз маж

Различни видови на груб секс

Најблиските фантазии до грубиот секс се секс со странец и садо-мазо. И се' додека човечкиот ум не познава граници, овие фантазии ќе се остваруваат и ќе се измислуваат нови фетиши.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.