RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
САДИЗАМ И МАЗОХИЗАМ
Среда, 06 Март 2013
Слика
ПАРИТЕ НЕ НОСАТ СРЕЌА
Среда, 12 Јануари 2011
Слика
МРСНАТА ХРАНА СОЗДАВА ГЛАД
Петок, 03 Декември 2010
Слика
ПОПУШТИ ЈА МУЗИКАТА
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
СОНОВИ КОИ СЕ ПОВТОРУВААТ
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
ПАУНИТЕ И НИВНИТЕ СКАПИ АВТОМОБИЛИ
Понеделник, 29 Август 2011
Слика
СРЕЌА ИЛИ ТАГА?
Петок, 21 Јануари 2011

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



ИНТЕРНЕТОТ И НЕВЕРСТВОТО PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4509 пати
Петок, 02 Септември 2011 15:37

Едно ново истражување покажува дека трендот на праќање секси пораки од типот на заводливи пораки или разголени фотографии преку интернет е основа за појавата на неверството во Америка.

жена добива букет преку екран

Секси пораките се здрави, вели социологот Диана Колос Височки, автор на истражувањето. Всушност, вели таа, тие се дел од целата забава во бракот, но исто така укажува дека предизвикуваат неверство кое прати една позната шема.

„Луѓето се сретнуваат, потоа си праќаат фотографии, потоа си праќаат разголени фотографии, и на крај се сретнуваат за да видат колку си одговараат," – вели таа.

Истражувањето беше направено врз околу 5 200 корисници на интернет страните за состаноци, но тоа не кажува ништо што во целина би важело за сите Американци. Колос Височки смета дека сето тоа е ограничено затоа што вклучува луѓе кои доброволно прифатиле да бидат дел од истражувањето а веќе биле корисници на таа интернет страна.

мобилен и тастатура

„Секогаш кога собирате луѓе на интернет, не можете да кажете дека тие се претставници на сите луѓе," – вели Колос Височки, професор по социологија на Универзитетот во Небраска. Како и да е, таа вели дека истражувањето сепак дава основни податоци за тоа зошто луѓето одлучуваат да останат во брак но сепак да изневеруваат.

Мотото на веб-страната е „Животот е краток, уживајте". Истата страна има повеќе од 6 милиони корисници. Колос Височки направи анкета за корисниците со 68 прашања.

Оние кои одговорија на анкетата беа претежно богати луѓе, повеќето од нив беа во брак (64%) и имаа високо образнование. Повеќе од 6 луѓе на 10 беа мажи.

девојка бира дечко на интернет

60% од жените и околу 50% од мажите потврдија дека користат секси пораки и праќаат разголени фотографии од нив преку меил или мобилен телефон. Возраста немаше никаква улога, затоа што 40% од луѓето беа околу 50 години и го правеа тоа. Сепак, овој тренд е најпопуларен меѓу младите луѓе на возраст од 19 до 24 години.

Околу три четвртини од луѓето беа од двата пола и изневеруваа иако биле во сериозно врска. Повеќе од 8 на 10 жени и две третини од мажите рекоа дека се сретнуваат со други луѓе после првиот интернет контакт. Ова покажува дека тие свесно бараат афера, и не се таму за флерт.

Џефри Т. Парсонс, професор по психологија на Хантер колеџот во Њујорк Сити, вели дека податоците се очекувани. „Луѓето кои користат вакви страници, свесно го прават тоа," – вели тој. „Секако, постојат и оние кои се само љубопитни и сакаат да доживеат малку возбуда од самата помисла дека "не се послушни". Но, страната привлекува луѓе кои се заинтересирани за многу повеќе од сајбер-секс."

пар се бакнува

Има и случаи каде што и партнерите знаат за целата работа. „Многу од нив ја користат страната заедно со нивните партнери и бараат нова возбуда во нивниот сексуален живот." – вели Колос Височки.

Парсонс објаснува дека „постојат возрасни луѓе со врски во кои праќањето секси пораки, сајбер-сексот и реалните сексуални односи со други луѓе се дозволени."

И, кој е целокупниот ефект на интернетот врз изневерувањето? Не можете да го обвините интернетот за неверството, вели Колос Височки. „Постојат луѓе кои не користат интернет и сепак изневеруваат."

тастатура

Сепак, вели таа, интернетот во секој случај ја олеснува потрагата по нови партнери.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.