RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК НЕ Е ПРЕСУДЕН
Среда, 21 Септември 2011
Слика
СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
ДАЛИ УБАВИТЕ ЛУЃЕ СЕ СЕБИЧНИ?
Недела, 30 Октомври 2011
Слика
СЕКСОТ НЕ ЛЕЧИ ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ДВИЖЕЊЕТО НА ТЕЛОТО ДЕЛУВА НА СТАВОВИТЕ
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
СОЦИЈАЛНА ВОЗНЕМИРЕНОСТ
Понеделник, 15 Август 2011
Слика
КАКО ПРОТИВ КРЕАТИВНАТА БЛОКАДА?
Четврток, 02 Февруари 2012
Слика
СРАМЕЖЛИВЦИТЕ УМИРААТ МЛАДИ
Понеделник, 01 Ноември 2010

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



СЕКСОТ - ЛЕК ПРОТИВ НЕВРОЗА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4587 пати
Среда, 17 Август 2011 13:24

Експертите, а и филмовите на Вуди Ален даваат докази дека невротичните луѓе почесто имаат проблеми во врската или во бракот. Едно ново истражување вели дека сексот е најдобар лек, барем за првите години од бракот.

двојка во прегратка

Всушност, истражувачите тврдат дека ако нервозните партнери често имаат секс, нивното брачно задоволство е многу поголемо отколку кај помалку нервозните парови.
Невротичноста е тенденција да се искажуваат негативни емоции, а луѓето што се многу нервозни многу лесно се иритираат, го менуваат расположението и постојано се загрижени за нешто. Луѓето со високо ниво на невротичност се помалку задоволни од нивните љубовни врски и многу често нивните бракови завршуваат со развод.

флертување
„Високите нивоа на невротичност се поврзани со лош исход од бракот и најчесто невротичноста е еден од основните фактори за развод,“ – велат Мишел Расел и Џејмс Мекнолти од Универзитетот во Тенеси.
Меѓутоа, сексот во бракот ги прави луѓето среќни – други истражувања покажале дека сексуалните односи го подобруваат расположението во текот на денот. Расел и Мекнолти сакаа да знаат дали честата сексуална активност ги отстранува негативните ефекти на невротичноста.
Тие анализираа 72 нововенчани парови во текот на првите години од бракот: и двата партнери даваа изјави – и заедно и приватно, и зборуваа за нивното задоволство во бракот и колку се чести сексуалните односи во текот на 6 месеци.

зајачиња имаат секс
Во просек, паровите имале сексуален однос еднаш неделно во текот на првите шест месеци од бракот и три пати во месецот во наредните четири години од бракот. Паровите сметаа дека се задоволни од бракот кога ќе кажеа „јас имам добар брак“ или пак „врската со мојот парнер/ка ме прави среќен/а.“
Задоволството од бракот не е поврзано со честата сексуална активност – барем не на почетокот на бракот или пак во првите четири години. Партнерите кои беа задоволни од бракот беа често сексуално активни, а исто така, ниското ниво на сексуална активност не беше прецизен показател за задоволството во бракот.

пар што води љубов
Но, Расел и Мекнолти открија еден значаен исклучок. Кај паровите со високи нивоа на невротичност, честите сексуално односи го подобруваа бракот. Ефектот на честите сексуални односи бил толку голем што за момент го бришел “недостигот на среќа” кои го чувствуваат нервозните партнери.
„Честиот секс е еден начин за да се смират нервозните луѓе и да се одрже бракот,“ – велат авторите.
Раниот период на бракот е време кога сексуалните односи се навистина битни и за некои, но не за сите, честите сексуални односи ја зголемуваат среќата во бракот. Оваа среќа не зависи од тоа каков бил бракот на почетокот на истражувањето – честиот секс ја зголемува среќата во бракот на нововенчаните партнери.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.