RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПОБЕДНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ
Четврток, 26 Јануари 2012
Слика
КОКАИН КАКО НАГРАДА
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
ТЕ ПРЕПОЗНАВ! НО, КАКО ГО НАПРАВИВ ТОА?
Понеделник, 16 Јануари 2012
Слика
СЕКС "НА ГЛАДНО"
Вторник, 15 Ноември 2011
Слика
ИНФЕРИОРНОСТ, ШТО Е ТОА?
Петок, 01 Април 2011
Слика
10 СЕКС ФАКТИ
Среда, 23 Март 2011

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



ЗАБРАНЕТО ОВОШЈЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4786 пати
Среда, 11 Мај 2011 21:17

Најголемото искушение за секоја врска е неверството. Дали е можно да му се одолее?

неверство

Една долготрајна, стабилна романтична врска со партнер кој се грижи за вас носи многу психолошки придобивки. Затоа, многу е добро да пробате да ја заштитите врската од надворешни влијанија. Изневерувањето е едно ваквите влијанија од кои луѓето најтешко се опоравуваат.

Ако изневерувањето ја повредува врската (а изневерувањето се смета за една од основните причини за раскинување на врска), што може да се направи за да се среди оваа работа?

Сепак, зошто во природата на човекот – и природата на искушението – е тоа постојано да се бараат други алтернативи?

Еден од начините да ја заштитите долготрајната врска е само да не ги перципирате овие алтернативи. Истражувањата покажуваат дека самото занемарување на овие алтернативи ја прави врската најуспешна.

Меѓутоа, едно најново истражување покажува дека работите и не се така едноставни. Ако околностите и ситуацијата го ограничуваат самото занемарување на алтернативите, самата таа алтернатива станува “забрането овошје”.

А со тоа алтернативата станува само попримамлива.

забрането овошје

Истражувачите зборуваат за “хипотезата на забранетото овошје”, затоа што се базира на претходни истражувања кои покажале дека луѓето почнуваат повеќе да ги посакукаат работите само затоа што им се забранети. Има нешто во човечката природа да сака нешто што го нема.

Оваа хипотеза е слична на моделот на “ироничен процес”. Овој модел покажува дека ако ги потиснеме мислите за нешто тогаш тоа излегува уште повеќе на површина. Колку повеќе се обидуваме да не размислуваме за нешто, се’ повеќе се опседнуваме со тоа.

За да ја потврдат нивната хипотеза за забрането овошје, истражувачите направиле серија од три експерименти во кои биле вклучени студенти.

Во експериментот, 42 студенти кои биле во врска барем еден месец биле подложено на задача за визуелна дискриминација каде што нивното внимание било манипулирано од страна на истражувачите на една група, а не било манипулирано на друга група. Задачата била едноставна – да ја стиснат буквата Е или Ф на тастатурата кога тие ќе се појавеле на екранот и заменувале една или две фотографии што биле на екранот. Една фотографија била од привлечна личност, а другата од просечна личност.

Истражувачите ја контролирале задачата со тоа што им ја покажувале буквата која треба да ја стиснат 80% од времето кога се работеше за просечните личности. Затоа, за да ја завршат задачата успешно, испитаниците мораа да се напрегаат за да го тргнат погледот од привлечните личности.

неверен маж

Истражувачите на крајот на задачата ја одредија стапката на изневерување која се базираше врз ставовите за изневерувањето и стабилноста на врската. Потоа, направија споредба меѓу двете групи за да ја воочат разликата.

Резултатите од првиот експеримент ја потврдија хипотезата на истражувачите. Испитаниците чие внимание беше ограничено покажаа помала сатисфакција и приврзување кон нивните тогашни партнери, во споредба со оние во другата група. Ограничената група имаше позитивни ставови за изневерувањето во врската.

Вториот експеримент беше направен на сличен начин со 36 студенти, меѓутоа, во овој случај се испитуваше и меморијата. Дали испитаниците чие внимание беше ограничено повеќе ги помнеа лицата на привлечните личности?

Произлегува дека имаме меморија за привлечните алтернативи повеќе отколку што смееме.

Истражувачите повторно дојдоа до потврден одговор – изпитаниците чие внимание беше оттргнато од привлечните алтернативи покажа подобра меморија за привлечните лица. Ова е против-занемарувачки податок – повеќе ги запомнуваме лицата на привлечните личности кога нашето внимание е оттргнато.

Самото ограничување на вниманието на учесниците всушност го зајакнуваше нивното внимание при набљудувањето и пронаоѓањето привлечни алтернативи надвор од врската.

неверна жена

Постојат три примарни ограничувања кои ги објаснуваат истражувачите. Прво, експериментите беа направени врз релативно помлади студенти кои имале кратки врски, па не е јасно дали овие податоци можат да го генерелизираат целиот проблем. Второ, сите истражувања беа лабораториски експерименти кои вклучуваа вештачки стимул – фотографии кои вклучувале привлечни и просечни луѓе. Трето, истражувачите не ги мереа директно ефектите на долготрајната врска.

Како и да е, фразата „Немој да гледаш натаму“ навистина не помага во една врска. Ситуациите кои го ограничуваат вниманието на една личност кон привлечни алтернативи, дури и кога тие ограничувања се несвесни можат да ги претворат овие алтернативи во “забрането овошје”.

Истражувачите сметаат дека кога една личност не обрнува внимание на привлечните алтернативи и целиот овој процес е мотивиран од самата личност, резултатот е позитивен за врската. Треба свесно да се ограничиме – и да сакаме да си ставиме граници.

Ако ограничувањето е наметнато – или од партнерот или од самата ситуација – тогаш може да се занемари врската и притоа се појавуваат намери за изневерување.

Заклучокот на истражувачите е следниот: „Најверојатно најефективното решение е да се бара начин да се подобри врската која природно ќе доведе до намалено внимание кон алтернативи и фокусирање на самиот партнер.“

изневерување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.