RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



БИКИНИТО ЛОШО ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3463 пати
Четврток, 21 Април 2011 22:04

Секси бикинито не е новост, меѓутоа ги испровоцира луѓето кои се грижат за менталното здравје на децата.

бикини

„Овие костуми се типичен пример за пренесување на поширока сексуална порака во популарната култура која ги таргетира младите девојки.“ – вели психологот Ајлин Цурбриген од Американската асоцијација за психологија. „Нема ништо лошо во тоа да сакате да бидете привлечни, меѓутоа, овие девојчиња почнуваат да мислат дека тоа е единствената работа што е значајна во животот.“

Доктор Цурбриген зборуваше за “пуш-ап” триаголните бикини кои почнале да се продаваат на девојчиња од 12 години па нагоре.

девојчиња во бикини

Дали носењето вакви градници може да има лош ефект врз девојчињата? Се разбира, вели доктор Цурбриген – и самите научни докази ја поддржуваат. Во 2007 година, едно истражување ја поврза “сексуализацијата” кај девојчињата со проблеми во исхраната, намалена самодоверба и депресија.

девојче во бикини

А секси облеката можеби е само јаготка на шлагот. Се смета дека ваквите пораки за сексуализирање на младината можат да се најдат практично во сите медиуми како што е теливизијата, во музичките спотови, текстовите на песните, списанијата, филмовите, видео игрите и интернетот.

девојче со кармин

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.