RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТЕСТОВИТЕ И ВИСТИНСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Понеделник, 29 Август 2011
Слика
КОГА ПСИХОЛОЗИТЕ "ГРЕШАТ"
Сабота, 15 Октомври 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА "ЗАДНИОТ ВЛЕЗ"
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ДЕЛОВНИ ПОДАРОЦИ
Понеделник, 27 Декември 2010
Слика
ТИПОВИ КАРАКТЕРИ
Среда, 30 Март 2011
Слика
ПСИХОЛОШКИ ИГРИ
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
РАЗЛИКИ МЕЃУ ЗАВИСТ И ЉУБОМОРА
Вторник, 23 Ноември 2010

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ГЕНЕТСКИ ПРОМИСКУИТЕТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4220 пати
Понеделник, 11 Април 2011 00:00

Луѓето кои се неверни кон нивните партнери можеби се генетски предодредени за тоа.

неверство

Одредени гени поврзани со однесувањето за барање на сензации беа идентификувани од страна на истражувачите од државниот Универзитет на Њу Јорк во Бингхамтон. Нивните наоди беа објавени во научното списание PLoS ONE. Очигледно, постои одреден ген рецептор на допамин - DRD4 - кој е поврзан со неверството и авантурите за една вечер.

Авторите објаснуваат дека сексуалното однесување на луѓето значително варира, не само помеѓу различни популации, туку и помеѓу нив самите. Иако еволуционата теорија е вкоренета во сексуалното однесување и сексуалните карактеристики, научниците не знаат многу за тоа како гените влијаат на индивидуалните разлики врз нашето сексуално однесување.

Џастин Гарсија и тимот се подготвија да откријат дали DRD4 може да влијае врз мотивацијата (компулсијата) зад некои сексуални однесувања, како неверството и промискуитетот.

181 млади возрасни беа интервјуирани во поглед на нивните врски и сексуално однесување. Беа земани и примероци за ДНК тестирање.

жена изневерува

77% од интервјуираните рекоа дека имаа историја на сексуални односи.

Истражувачите открија дека 50% од лицата со 7R+ - генетска варијација на DRD4 - беа неверни, за разлика од 22% кои немаа 7R+.

Влијанието на 7R+ на неверството и/или промискуитетноста како мажите и жените беше речиси исто.

Гарсија вели:

“Откривме дека индивидуите со одредена варијација на DRD4 генот имаа поголема веројатност да имаат историја на неопределен секс, вклучувајќи едноноќни авантури и актови на неверство.

Мотивацијата веројатно потекнува од системот на задоволство и награда, односно ослободувањето на допаминот. Во случаите на неопределен секс, ризиците се високи, наградите високи, а мотивацијата променлива - сите елементи кои обезбедуваат наплив на допамин.”

Истражувачите истакнаа дека се потребни понатамошни и поголеми студии за потврдување на овие наоди. Во овој момент е невозможно да се потврди причинско-последичната врска помеѓу сексуалното однесување и генетските карактеристики. Сепак, генетиката игра улога во тоа како се однесуваме и во одлуките кои ги носиме во животот.

неверство

Врските се асоцијативни, истакнуваат научниците. Со други зборови, некои луѓе се генетска варијација нема да бидат неверни или промискуитетни, а некои луѓе без варијацијата ќе бидат.

Бидејќи врската е асоцијативна, “Студијата не ги ослободува престапниците од вината,” додаде Гарсија.

Затоа можеби е рано да се обвинуваат само поради еден ген.

Истата генетска варијација е поврзана со зависноста од коцкање, алкохолизмот и љубовта кон хорор филмовите.

промискуитет

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.