RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДАЛИ СТЕ ЕМОЦИОНАЛНИ ПРЕЉУБНИЦИ?
Четврток, 18 Ноември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО ГОСПОД
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
ПРОЗОРЕЦ КОН ИНТИМАТА
Петок, 08 Март 2013
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
СЕБЕ-ПОВРЕДУВАЊЕ
Четврток, 03 Ноември 2011
Слика
ЗЕЛЕНО ЗА СРЕЌНИ РАБОТНИЦИ
Петок, 03 Декември 2010
Слика
РАКУВАЊЕ ЗА УСПЕХ
Среда, 29 Декември 2010
Слика
ДУШО, СЕ СМРЗНАВ
Четврток, 17 Март 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ДВОЈНИОТ ЖИВОТ НА ЖЕНИТЕ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5259 пати
Понеделник, 21 Март 2011 11:39

Циклусот кај жените не само што влијае врз нивниот избор на партнер, туку влијае и на нивниот карактер.

флерт

Влезете во било кое кафуле и нема да во треба многу време за да ја забележите. Таа е жената што најубаво се смее, носи најпривлечна облека и како магнет ги влече мажите кон неа. Ако просторијата е сончев систем, таа е сонцето, и од страна се гледаат останатите жени кои седат мирно засенети од неа.

Зошто оваа жена го привлекува целото внимание? Психолози, експерти и брачни советници предлагаат неколку објаснувања: Тоа е поради нејзината екстровертна природа, нејзиниот повикувачки изглед и отвореноста за дружење. Меѓутоа, еден биолог би дал друго објаснување за ова: Тоа е поради нејзиниот “вистински” период во месецот. Веројатно убавицата во кафулето е во нејзините најплодни денови, а сите останати жени се влечкаат во неплодната фаза.

Во минатото, ваквото објаснување би се сметало за интелектуална ерес. Се разбира, биолозите можат да одредат кога е периодот за парење кај шимпанзото: еднаш на секои 28 дена, половите органи на женките потекуваат и добиваат поинаква нијанса на розева боја. Се веруваше дека секој женски цицач на светот, го “рекламира” периодот на плодност. Сите, освен луѓето. Се смета дека жените го изгубиле ова чувство, меѓутоа, се чини дека тоа не е вистина, вели Рендѕ Торнхил, професор по биологија на Универзитетот во Њу Мексико.

Во изминатата деценија, биолозите и психолозите откриле бројни докази дека и жените даваат знаци дека се во периодот на овулација кога јајце клетка се ослободува и е спремна за оплодување. Иако овие знаци се многу посуптилни отколку кај другите видови, тие имаат голема моќ врз перцепцијата на жената и нејзиното однесување – и реакцијата на другите кон неа. Овие месечни промени ги менуваат и чувствата на мажите спрема ваквите жени. Всушност, невидливите но силните влијанија го одредуваат однесувањето на сите нас. „Човечката овулација не е набљудувачки процес, и мажите и жените не се свесни дека се случува,“ – вели Марти Хаселтон, професор по комуникација и психологија. „Но, влијанијата на менструалниот циклус врз човечкото однесување се неверојатно моќни.“

жена и маж

Да го земеме примерот за женскиот избор на машки партнери. Веројатно мислиме дека жените сакаат еден тип на маж – но жените имаат различен вкус за мажите зависно од тоа дали се плодни или не. Во двата дена додека жените се во овулативната фаза – периодот кога најлесно можат да забременат – жените преферираат мускулести мажи. Тука се мисли на спортските типови на мажи со тело во форма на буквата V, квадратно лице, исправени и дебели веѓи и тенки усни,тип со длабок глас кој покажува агресивно и доминантно однесување. Додека жената е во фоликуларната или лутеалната фаза, кога генерално не може да забремени, тогаш преферира мажи со понежни црти, не толку мускулести тела, со нежни манири и повисок глас.

Овие преференци се толку изразени што Торнхил и неговите колеги сметаат дека жената има две сексуалности: една кога се во овулативна фаза, а друга во остатокот од месецот. Се смета дека овие појави се резултат на конкурентските репродуктивни цели кај жените: „Жените ги сакаат најквалитетните гени за своите деца,“ – вели Торнхил, „А генетскиот квалитет кај мажите се мери преку степенот на тестостеронизација – нивото на кое машкиот хормон тестостерон извршил влијание врз неговиот мозок, лице и остаток од телото.“

маж и дете

Кога ќе помине фазата на овулација, жената се враќа на љубезните и стабилни мажи кои ќе и помогнат неа и на нејзиното дете. Во таа фаза, фините момци се пак на прво место. „Во оваа фаза жените бараат кај мажите волја за делење храна и заштита со неа и нејзините деца,“ – вели Торнхил.

Влијанието на менструалниот циклус кај жените не е очигледно само при нивниот избор на мажи туку и при нивното однесување. Жените во овулативна фаза имаат поголем интерес за еротски материјали отколку останатите, при изборот на филмови, тие ги бираат оние со поромантични и сексуални теми. Повеќе обрнуваа внимание на изгледот, и носат поразголена облека. Во 2004 година, група истражувачи од Универзитетот во Виена дигитално ги анализирале сликите од 351 жена во ноќен бар и собрале примероци од плунката од секоја од нив. Жените кои носеле потесна облека или биле поразголени имале повисоки нивоа на естрадиол, женскиот хормон кој се повишува во овулативната фаза.

жена во овулација

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.