RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
И МОМЧИЊАТА, ЖРТВИ
Четврток, 03 Март 2011
Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТОТ ЛЕКУВА!
Четврток, 03 Ноември 2011
Слика
НЕСОНИЦА ЗА БОЛЕСТ
Среда, 23 Февруари 2011
Слика
ШТЕТНИ АНТИДЕПРЕСИВИ
Вторник, 26 Април 2011
Слика
СЕКС И ЧОКОЛАДО ЗА ПОДОБРА МЕМОРИЈА
Понеделник, 01 Ноември 2010
Слика
ЗАГРОЗЕНОТО ЕГО ТРОШИ ПАРИ
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд



ШТО СЕ ФЛЕКСИ-СЕКСУАЛКИ? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4959 пати
Среда, 16 Март 2011 01:00

Ако твојата девојка те сака, но сака и да се бакнува и флертува и со девојки, тогаш е флексисексуалка.


Мадона и Бритни

Уште откако Мадона сочно ја бакна Бритни Спирс пред многу милиони гледачи на доделувањето на MTV Музичките награди, жените почнаа се’ повеќе да се опуштаат со други жени.

Овие таканаречени флексисексуалки велат дека иако не се хомо или бисексуалки, тие сакаат да флертуваат и да се бакнуваат со други девојки, но сеуште сакаат да имаат секс со машки.

Експертите велат дека тие изгледа се под влијание на се почестите појави на парови од ист пол кои веќе не се кријат а исто така и поради поотворениот став кон сексот воопшто.

Поп културата веројатно ја слави флексибилноста, како на пример во песната на Кејти Пери “I Kissed a Girl”, песна за која 19-годишната Алиша Гарисон вели дека „ги направи девојките послободни да прават што сакаат.“

„Не може да се рече дека е експериментирање, мислам дека повеќе станува збор за барање на внимание,“ – вели Гарисон, студент по урбано планирање од Калиф.

бакнеж

Пери, во нејзиниот текст вели: „Со пијалокот во рака се охрабрив и изгубив чувство за дискреција.“

Флексисеклуалките се исто наречени и хетерофлексибилни и пансексуалки – сите овие термини покажуваат дека овие лица се отворени и флексибилни.

Жените велат дека ваквото однесување е повеќе поврзано со начинот на кој тие го гледаат светот отколку со тоа што сакаат тие во кревет.

„Кога бев во средно школо, девојките сакаа да зборуваат за сексуалноста,“ – вели Жамила Рајт од Универзитетот во Тексас. „Мислам дека колку повеќе созреваме, се’ повеќе работите се сведуваат на индивидуално ниво кога станува збор за нашата сексуалност.“

„Називите воопшто не се важни,“ – вели 21-годишната Жамила.

И Холивуд има свои примери: Линдзи Лохан (24) излегуваше со Саманта Ронсон меѓутоа, одбиваше да се декларира како лезбијка или можеби бисеклуалка. После тоа, таа пак им се врати на мажите.

Линдзи и Саманта

Анџелина Џоли (35) која сега е во среќен брак со Бред Пит, имала сексуална врска со Џени Шимицу. Дру Баримор (35), вели: „Кога си со жена е исто како да го истражуваш сопственото тело, само што тоа го правиш преку друг.“

Flexisexual.net е веб-страна кадешто жените можат да најдат “секси, отворени жени кои сакаат да ја истражуваат својата сексуалност, да разговараат и да излезат со слични луѓе.”

„Ова е интересно за хетерогените жени кои се љубопитни и сакаат да откријат нешто ново за бисексуалната страст. Взаемниот интерес прави индивидуите со сличен интерес да се поврзат меѓусебно и да на најдат некој сличен на нив, наместо да чекаат случајност.“

Анџелина и Џени Шимицу

За многу девојки, отвореноста за сексуална врска со истиот пол е веќе начин на живот, а не “експеримент.”

Овој релативно нов феномен најверојатно е производ на генерација која не се преоптоварува со разните називи. Најчесто почнува во универзитетските денови кога девојките ја откриваат својата сексуалност, иако, еден извештај од Тексас тврди дека флексисексуалноста почнала да се развива и кај девојките во средно училиште.

Експертите велат дека сексуалното експериментирање се појавува кога луѓето сеуште не го нашле својот соодветен партнер и не започнале сериозна моногамна врска.

две девојки

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.