RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
БРАКОТ И СРЕЌАТА
Понеделник, 11 Јуни 2012
Слика
ХИПНОЗА И ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА
Вторник, 20 Септември 2011
Слика
ШЕФОТ ШТЕТЕН ЗА БРАКОТ
Вторник, 10 Јануари 2012
Слика
ВЕЧНА ЉУБОВ
Понеделник, 14 Февруари 2011
Слика
ГЛЕДАЈ, НО НЕ ДОПИРАЈ
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
ФАТАЛНО УНАПРЕДУВАЊЕ
Петок, 24 Декември 2010
Слика
КАКВИ СМЕ ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Понеделник, 07 Ноември 2011

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



ДАЛИ ЖЕНИТЕ САКААТ КРЕТЕНИ? PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4931 пати
Четврток, 17 Февруари 2011 10:42

Ако сте фин и љубезен дечко, а девојките, наместо по вас, трчаат по некој насилник, сигурно се прашувате: дали е можно девојките навистина да сакаат кретени?

привлечност

Да кажете дека жените сакаат кретени е можеби и премногу. Како и да е, девојките реагираат подобро на нив отколку на фини момци. Да се однесувате како кретен кон девојките може да има добри резултати.

За да се разбере овој феномен, мора прво да се тргнат сите морални вредности настрана и да се разберат емотивните реакции на жените.

кретени

Факт е дека џентлеменското однесување се смета за морално, а насилното за некултурно. Меѓутоа, емоциите не се водат од моралот, нашите ставови и психолошки потреби ги предизвикуваат.

Ако се земат во предвид овие фактори и однесувањето на лошите момци, тогаш лесно е за нив да предизвикаат позитивен ефект со нивното однесување.

добар дечко

Првата причина зошто ова е вистина е фактот дека нивното однесување воопшто не е љубезно, меѓутоа, покажува дека таквите луѓе зрачат со самодоверба. Кретените се доволно сигурни во себе за да имаат такво однесување и да не чувствуваат потреба да се извинат за тоа.

Девојките се програмирани добро да реагираат на покажување самодоверба и моќ, затоа, многу полесно “паѓаат” на кретени заради нивното однесување. Самодовербата е силен афродизијак.

одбивност

Втората причина зошто лошите мажи се попривлечни за девојките е тоа што тие имаат храброст да го добијат тоа што го сакаат. На пример, една девојка може да сака и кретени и фини момци, меѓутоа, додека финиот дечко користи љубезен начин да и се додвори на девојката, кретенот нема време за тоа, и за тоа лесно ја добива.

Кретените не се плашат да флертуваат и да ги изразат нивните сексуални намери. Тие можат дури да бидат и нападни и помалку агресивни, но, се додека внимаваат на границата, на девојките им изгледаат како забавни момци.

поглед

Сево ова не треба да значи дека единствениот начин да се дојде до девојка е лошото однесување како кретен. Во секој случај, од овие луѓе можат да се научат многу работи. Направете комбинација од двата типа и секоја девојка ќе биде ваша.

дечко со две девојки

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.