RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЖИВОТНИ МАТЕМАТИЧАРИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
КАКВИ СТЕ ВО ОДНОС НА ПРАВИЛАТА?
Понеделник, 21 Јануари 2013
Слика
АГРЕСИЈАТА КАЈ ЖЕНИТЕ Е ГЕНЕТСКА
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
НАРЦИСОТ НЕ ТРПИ КРИТИКА
Сабота, 25 Декември 2010
Слика
ЗОШТО СЕ БАКНУВАМЕ?
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
И МАЖИТЕ ЖРТВИ
Сабота, 07 Мај 2011
Слика
ДОКТОРИТЕ БЕЗ ЧУВСТВА?
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
НЕПОЖЕЛНИ ВОЛОНТЕРИ
Вторник, 22 Февруари 2011

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд



ЖЕНИТЕ, ВИНОТО И СЕКСОТ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3780 пати
Понеделник, 14 Февруари 2011 20:23

Жените кои дневно конзумираат една до две чаши црно вино имаат подобар и поисполнет сексуален живот.

вино и љубов

Научниците од универзитетот во Фиренца извршиле истражување со 800 испитанички на возраст од 18 до 50 години. Тие дошле до заклучок дека жените кои имаат навика секојдневно да конзумираат мало количество (една до две чаши) црно вино, повеќе уживаат во сексот од оние кои воопшто не пијат.

Акцентот на истражувањето бил ставен на сексуалниот апетит, оргазмите и задоволството што жените го пријавиле од сексуалните активности.

флерт и вино

Оние кои пиеле две чаши црно вино биле бодувани со 27,3 поени, додека оние кои пиеле само по една, добиле 25,9 поени. Тие што воопшто не пиеле вино имале резултат 24,4 поени.

Д-р Николо Мондиани изјавил: „Историски гледано, уште од античка Грција се знае дека врската помеѓу виното и сексуалност е прилично силна. Жените кои умерено пијат вино имаат подобар и посреќен сексуален живот. Сепак, овој аспект не е доволно истражен и ќе се потрудиме да направиме дополнителни истражувања, во нов правец, за да провериме дали навистина постои толку голема поврзаност помеѓу виното и женската сексуалност“.

жена и вино

Уште еден интересен факт до кој е дојдено во текот на ова истражување, е дека постарите жени пријавиле поисполнет и позадоволителен сексуален живот од помладите.

здравица

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.