RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТРКА ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈАТА
Среда, 30 Ноември 2011
Слика
ПАРАДОКС НА ИСКУШЕНИЕТО
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
ВИЕ И ВАШАТА КРИМИ СЕРИЈА
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
ОПАСНОСТА ОД КОНТРОЛИРАЧКИ ЛИЧНОСТИ
Понеделник, 14 Јануари 2013
Слика
БОГАТ МОЗОК, СИРОМАШЕН МОЗОК
Сабота, 25 Декември 2010

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



ЉУБОВ ЗА 8 СЕКУНДИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4082 пати
Вторник, 18 Јануари 2011 00:53

Мажите се вљубуваат на прв поглед за точно 8,2 секунди. Така барем тврдат научниците.

поглед

Колку подолго машкиот поглед остане прикован на жената кога ќе се сретнат за прв пат, толку е тој повеќе заинтересиран за неа, пишува Telegraph.

Ако погледот трае само четири секунди, може да се заклучи дека не го импресионирала баш многу. Но ако неговиот поглед остане фокусиран на неа прикован на неа двојно повеќе време, т.е. 8,2 секунди, тоа најверојатно значи дека девојката го освоила на прв поглед.

Меѓутоа, истите правила не важат за жените. Жените можат да го ’фиксираат’ мажот и подолго од осум секунди, но тоа не мора да значи дека им се допаѓа.

женски поглед

Во ова истражување научниците користеа скриени камери за тајно да го следат движењето на погледот на 115 испитаници, додека разговараа со актери и актерки, а потоа требаа да ја оценат привлечноста на своите соговорници.

Мажите гледаа во очите на актерките кои им беа привлечни подолго од 8,2 секунди, а оние кои помалку ги привлекувале ги удостоиле со поглед од 4,5 секунди.
Жените ги гледаа во очи подеднакво долго и актерите кои им беа привлечни, но и оние кои не ги привлекуваа.

Научниците овие резултати ги објаснуваат со тоа што мажите го користат погледот за да пронајдат потенцијално плодни потенцијални партнерки. Од друга страна, жените мораат да бидат многу повнимателни со привлекување на машко внимание, бидејќи не им е целта да згрешат и да одгледуваат деца како самохрани мајки. Токму затоа припадничките на понежниот пол ги "скенираат" мажите подолго.

вљубена двојка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.