RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕКСУАЛНОСТА И СПИРИТУАЛНОТО
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
ГЕЈ ПИНВИНИ ПОСВОИЛЕ ПИЛЕ
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
НЕВРОБИОЛОШКИ ОСНОВИ НА ОСАМЕНОСТА
Понеделник, 05 Ноември 2012
Слика
ПОДОБРЕТЕ ЈА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА
Недела, 30 Октомври 2011
Слика
СОВЕТИ ЗА УСПЕХ
Петок, 22 Април 2011
Слика
ПОТЕКЛОТО НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА
Среда, 05 Декември 2012
Слика
ЖЕНИТЕ САКААТ ГРУБ СЕКС
Среда, 14 Септември 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



ДАЛИ СТЕ СЕКС ЗАВИСНИК? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3746 пати
Четврток, 23 Декември 2010 09:45

Се претпоставува дека зависноста од секс се јавува поради биохемиски абнормалности или промени во мозокот.

секс

Фактот дека антидепресивите и другите психотропски лекови се покажаа ефикасни во лекувањето на некои луѓе од сексуална зависност, укажува дека горенаведената претпоставка е веројатно вистинита.

Студии посочуваат дека мисловните активности поврзани со храната, користењето на дроги и сексуални интереси се одвиваат во истите делови на мозокот, системите кои се одговорни за опстанок и наградување. Овие мозочни делови водат до областа која е одговорна за размислување на повисоко ниво, рационално размислување и просудување.

Мозокот му вели на сексуалниот зависник дека имањето на недозволен секс е добро на истиот начин на кој на останатите луѓе им сигнализира дека храната е добра кога се гладни. Овие мозочни промени ја преобразуваат сексуалната зависност во секс, и зависникот полека започнува да губи интерес за други нешта, се однесува неконтролирано во сексуална смисла и покрај штетните последици и неуспешно се обидува да ја ограничи или елиминира својата зависност.

храна

Биохемискиот модел помага да се објасни зошто компетентни, интелигентни, амбициозни луѓе можат толку лесно да застранат во сексуална зависност или дрога. Идејата дека, на дневна база, успешна мајка или успешен татко, доктор или бизнисмен може да остави се само за да мисли на секс, се впушта во сексуални интриги, ги идентификува сексуалните можности и ги искористува се чини неверојатна. Како е можно ова?

Мозокот на зависникот го изигрува телото на тој начин што создава биохемиска награда за ова авто-деструктивно однесување.

сексуална зависност

Зависниците од секс искусуваат еуфорија од истиот, и се чини дека тоа блаженство во голема мерка го надминува она при обичниот секс. Кај сексуалното искуство не се работи за интимност. Зависниците ја користат сексуалната активност за да побараат задоволство, избегнат непријатни чувства или да одговорат на надворешниот стрес, како тешкотиите на работа или проблеми со другите луѓе. Ова не се разликува многу од однесувањето на алкохоличарите. И во двата случаи, моменталното задоволство наскоро попушта пред чувството на вина и грижа на совест, по што следат неизбежните ветувања за промена.

алкохоличар

Истражувањето исто така откри дека сексуалните зависници често доаѓаат од дисфункционални семејства и дека е поголема веројатноста дека биле злоставувани, за разлика од оние кои не се зависници од секс. Една студија откри дека 82% од сексуалните зависници изјавиле дека биле сексуално малтретирани како деца. Зависниците од секс често ги опишуваат своите родители како строги, дистанцирани и негрижливи. Исто така, во рамките на овие семејства, вклучувајќи ги тука и сексуалните зависници, поголема е веројатноста за злоупотреба на разни супстанци. Една студија откри дека 80% од сексуалните зависници кои се лечат изјавиле дека во своите семејства имале некој вид на зависност.

злоставувано дете

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.