RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СМЕЕЊЕ ЗА ДОБАР АПЕТИТ
Четврток, 20 Јануари 2011
Слика
СПОРТ ЗА ФОКУСИРАНИ
Среда, 13 Април 2011
Слика
10 ГРЕШКИ ВО ЉУБОВНАТА ВРСКА
Четврток, 29 Септември 2011
Слика
ПРЕКРШЕНИ ВЕТУВАЊА
Понеделник, 20 Декември 2010
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА "ЗАДНИОТ ВЛЕЗ"
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ЗОШТО ЖЕНИТЕ САКААТ РОЗЕВО
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
БИЗНИС БЛЕФ
Среда, 12 Јануари 2011

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



ДЕКОДИРАЈТЕ ГО ИНТИМНИОТ НЕВЕРБАЛЕН ГОВОР PDF Печати Е-пошта
(7 гласови, просечно 4.71 од можни 5)
прочитано 6516 пати
Понеделник, 11 Февруари 2013 23:43

И самите сте свесни дека постојат нешта длабоко во вас кои ви е многу тешко да ги искажете со зборови, а понекогаш тоа е дури и невозможно.

  девојка со вкрстени знаци

Во многу случаи јазикот на телото, погледите и сексуалните гестови се многу поефективни отколку вербалната комуникација. Учејќи како да ги интерпретирате знаците на говорот на телото ќе си помогнете во разбирањето што всушност луѓето сакаат да кажат.

Говорот на телото открива многу од нашите најинтимни чувства и тоа без оглед дали имаме намера да ги кажеме или не. Од наједноставниот поглед до нежниот допир на ногата, тие „зборови“ на телото се многу директна форма на комуникација. Во една интимна врска, точното читање на знаците може да биде од клучна важност.

провокативен допир со нога 

Среќавањето на погледите е едно од првите нешта во сексуалниот контакт. Очите може да разоткријат искри на возбуда, мечтаење или пак отсуство на интерес.
Со погледи всушност се среќаваме секој ден, тие може да се случат насекаде, на најразлични места, во супермаркет, на улица, во вашата канцеларија, во вашата спална соба. Не сите пресретнувања на погледи ви кажуваат нешто, барем не нешто значајно.

контакт со очи 

Комуникацијата со очите е многу едноставна, барем првиот контакт. Ако гледате некого во очи, тогаш овозможувате да се воспостави комуникација, овозможувате другата страна да ве „прочита“ и да ви одговори со истиот јазик. Начинот на некого да му „соопштите“ дека сексуално го посакувате преку поглед е универзален. Кога разговарате лице в лице, доколку сакате да соопштите дека таа или тој ве привлекува, треба да гледате директно во нивните очи, а не некаде наоколу, преку рамената или во подот. Ако таа или тој се наоѓаат на другиот крај од просторијата, држете го погледот подолго од вообичаеното за да ја испратите пораката. Се разбира не претерувајте. Истражувањата покажале дека подолго задржување на погледот од 5 секунди во рамки на 30 секунди ја прави ситуацијата неудобна за оној кој го гледате, па дури може да се почувствува загрозено. Тоа всушност и сами ќе го почувствувате откако ќе го тргне погледот и нема да ве погледне повторно. Ако нејзиниот или неговиот поглед постепено се враќа на вашиот, тогаш може да заклучите дека кај другата личност постои интерес за вас.

 поглед

Кога вашиот поглед е препознаен и добивате знаци дека е добредојден, оној кому му е упатен може да почне да прави гестови со телото кои ќе укажуваат на „отвореност“, давајќи ви повеќе „материјал“ за гледање. Тој, може да ги засука ракавите на својата кошула или да заземе некоја поза во која ќе може да го погледнете неговото торзо. Таа пак, може да си поигра со косата туркајќи ја наназад за да ја погледнете подобро, може да го поправи деколтето, да ги стави рацете во задните џебови од фармерките, да заземе поза во која убаво ги гледате нозете и низа од слични гестови кои претставуваат јасни знаци на говорот на телото.

испрсена девојка 

Доколку сте доволно блиску, охрабрувачки одговори на вашиот поглед може да бидат подигнати веѓи, широко отворени очи, или разиграност на трепките. Ако секое ново среќавање на погледите е се подолго и подолго, а вие просторно се доближувате се повеќе еден до друг, тогаш тоа е јасна порака за „спарување“. Ова може многу лесно да го проверите. Доближете се сосема малку во правец на личноста која ја гледате и забележете дали таа се оддалечува или се доближува кон вас.

 Од друга страна пак, ако вашиот првичен поглед не е добредојден, личноста која сте ја погледнале ќе се обиде да се изолира од вас, креирајќи бариери или штит кој може да биде видлив или невидлив. Така, ако објектот на вашето внимание наеднаш се изгуби во гужвата или пак нагло ги прекрсти рацете или нозете, таа или тој ви дава порака „ова е пребрзо за мене“, или „не сум заинтересиран/а во моментов“.

Очите, се разбира, не се единствениот начин за интимна комуникација. тоа може да биде и лицето. Ако сакате да дадете порака дека некој ви се допаѓа, насмејте се. Насмевката дава јасна порака дека некоја личност ви се допаѓа и би сакале да воспоставите понатамошна комуникација.

 насмеана девојка

Движењата на рацете и главата се исто така начини преку кои може да ја испратите својата порака ако сте заинтересирани за некого. Ако ја завртите главата кон личноста која ве интересира и направите еден чекор во тој правец, и давате порака за зближување. Давањето на директни или индиректни знаци дека некој може да седне до вас или пак правењето простор за да може да застане поблиску се знаци со кои покажувате дека сакате да започнете поблиска комуникација.

Но, имајте во предвид една друга работа, особено ако знаците кои ги добивате не се најкатегорични или најјасни, држете ја својата дистанца, затоа што придвижувањето преблиску пребрзо може да ги предизвика внатрешните граници кај некоја личност и таа да се почувствува како да и е загрозен интимниот простор.

 одбојност

Како седите во однос на онаа личност која ви се допаѓа, може да биде показател сам по себе. Луѓето кај кои постои привлечност седат еден спроти друг при што деловите на телото најчесто покажуваат еден кон друг. Тоа може да бидат дланките, стапалата, па и целото тело може да имате порив да го насочувате и наведнувате кон личноста која ви се допаѓа.

Кога двајца луѓе се заинтересирани еден за друг тие се со тенденција потсвесно да се имитираат еден со друг. Обично тоа се случува со начинот на држење на телото или позицијата во која едниот а потоа и другиот ќе го донесе, може да биде и преку копирање на постапките, тонот на гласот па дури и вокабуларот. Скриената порака при ваквата комуникација е „ми се допаѓаш“.

синхронизација на движењата 

Уште еден знак дека постои атракција е нескриеното поправање на тоа како изгледате во моментот, пред очите на личноста која ви се допаѓа. Покрај споменатото истакнување на половите атрибути, кое може да се манифестира на различни начини, како на пример кога девојките си поигруваат со прстите со некој прамен од својата коса, привлечноста може да се манифестира со имагинарно зачистување. На пример преку гестови на тргање на имагинарни конци или влакна од својата облека, погледнување во џебно огледалце, поправање на косата и слично. Пораката која се сака да се пренесе во овој случај е „се трудам да изгледам убаво за тебе“.

девојка си игра со косата

Допирот е еден од начините на комуникација кој ако знаете како да го применувате може да ја подигне секоја врска на повисоко ниво. Во почетната фаза од врската, за давање на позитивно поткрепување и охрабрување, допирајте ја личноста на рамото или раката кога разговарате. Ако се појавувате одназад, ставете ја едната рака преку неговите или нејзините рамена како начин на поздрав. Е сега, допирот е суптилна работа. Секогаш треба да внимавате да не ја поминете онаа тенка линија која стои меѓу позитивниот интерес и исфорсираната настојчивост. Кога зборуваме за допирот, имајте во предвид дека било кој допир кожа со кожа е поинтимен отколку некој направен облека со облека или кожа со облека, па дури и тие навидум да изгледаат „послободно“.

затварање на очи од зад грб 

На многу луѓе вербалната комуникација им паѓа тешко кога се работи за интимните чувства. Затоа тие може да го искористат говорот на телото за да си ги кажат своите пораки. Научувајќи како да ги интерпретирате различните нијанси на интимното невербално комуницирање ќе разберете што навистина луѓето сакаат да ви кажат и покрај тоа што ништо не зборуваат или пак она што го велат не е и она што сакаат да го кажат.

 скриен говор на телото

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.