RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ИСПЛАЧЕТЕ СЕ, ЗДРАВО Е!
Петок, 16 Декември 2011
Слика
КАКО РАБОТИ МЕМОРИЈАТА?!
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
ВИРУСИ ЗА КОНТРОЛА НА МОЗОКОТ
Вторник, 20 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
БИНГО ЗА СИРОМАСИ
Сабота, 18 Декември 2010
Слика
МИТОВИ ЗА ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК
Сабота, 22 Октомври 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



10 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ОРГАЗМОТ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4423 пати
Среда, 26 Септември 2012 21:50

За некои тоа е дел од секојдневието, а некои мора да работат многу напорно за да го достигнат, но речиси никој не ги знае сите факти за оргазмот.

 насмеана девојка под чаршав

1. Неговиот наспроти нејзиниот

Научните студии покажале дека кога се работи за клучниот момент на оргазмот, тој е ист и за мажите и за жените, односно го има истиот интензитет.

2.Траење на оргазмот

Иако машкиот и женскиот оргазам имаат ист интензитет во клучниот момент, се појавува разлика во траењето. Машкиот оргазам трае во просек околу 4 секунди, додека женскиот и до 15 секунди. Мажите можат да постигнат оргазам многу побрзо, веќе после 1 до 10 минути, додека на жените речиси секогаш им требаат најмалку 20 минути.

лавови 

3. Болката и оргазмот

Оргазмот и центарот за болка се поставени во ист дел на мозокот и тоа е причината зошто некои луѓе изгледаат како да се во голема болка кога ќе свршат. Иако, тоа е момент на нивно најголемо задоволство. Исто така, ваквата поставеност на центрите значи и дека што сме поблиску до точката на оргазмот стануваме се помалку осетливи на болка, нешто што кулминира со самото доживување на оргазмот.

4. Оргазам при спиење

Факт е дека некои луѓе доживуваат вистински оргазми за време на спиењето но тие не се резултат на физичка стимулација туку психичка. Затоа, карактеристично е што повеќето луѓе не се ни будат за време на така доживеаниот оргазам.

 оргазам во спиење

5. Оргазмот и калориите

За време на самиот оргазам телото согорува само 3 калории, но затоа пак, за да се дојде до тој момент потребни се повеќе или околу 50 калории во просек.

6. Оргазмот има позитивно дејство врз вас

Оргазмите имаат позитивно влијание врз вашиот имунобиолошки систем и превенираат против кардиоваскуларни заболувања а според некои понови истражувања и рак. Во најголема мерка влијанието е преку релаксација на организмот и елиминација на ефектите од стресот.

 среќен пар по секс

7. Предвремена ејакулација

Проблем со предвремена ејакулација има секој трет маж. Проблемите може да ги надминете сами со помош на релаксациони техники или со совет од лекар. Се смета дека еден од поглавните фактори за оваа појава е стресот.

8. Здравје за интимните делови

Честите и силни оргазми делуваат благотворно во однос на здравјето на интимните делови. Кај мажите во голема мера ја редуцираат можноста од рак на простата. Исто така, како добра вежба, ги намалуваат шансите за импотентност. Кај жените, со фреквентните оргазми, се подобрува општото здравје на интимните делови, се зајакнува карлицата и вагиналните мускули.

 предвремена ејакулација

9. Потеклото на зборот оргазам

Зборот оргазам доаѓа од грчкиот збор „оргасмос“ кој значи отекување, возбуда или желба.

10. Оргазам опасен по живот

Статистиката покажала дека е многу поверојатно за мажите да умрат за време на сексуален однос отколку што е тоа за жените. Еден интересен факт е што многу повеќе луѓе умираат за време на сексуален однос во кој изневеруваат. Но, не се плашете, ваков тип на смрт настанува многу ретко и обично причините не се во оргазмот туку во претходната ризична здравствена состојба.

 силен оргазам

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.