RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МОРАЛНИ ТАБЛЕТИ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Слика
БОГАТИТЕ СЛЕПИ ЗА ЕМОЦИИ
Понеделник, 03 Јануари 2011
Слика
ВЕШТАЧКИ МОЗОК
Среда, 30 Ноември 2011
Слика
ШТО Е СВЕСНОСТ?
Петок, 01 Април 2011
Слика
СО ПОДОБРИ ОЦЕНИ ДО ПОДОЛГ ЖИВОТ
Понеделник, 22 Август 2011
Слика
ДВИЖЕЊЕТО НА ТЕЛОТО ДЕЛУВА НА СТАВОВИТЕ
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
ОД ТРЕВКА ДО ПСИХОЗА
Среда, 16 Март 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



ОБЛИКОТ НА ВАШЕТО ЛИЦЕ И СЕКСУАЛНАТА ПРИВЛЕЧНОСТ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 13532 пати
Вторник, 03 Јули 2012 22:51

Истражувањата во невербалната комуникација покажуваат дека обликот на лицето на дадена личност кажува многу за тоа колку некој е сексуално атрактивен, но исто така дава чувство за доверба, доминантност или добро здравје.

 Денис Квејд

Една фацијална карактеристика која конзистентно е поврзана со атрактивноста, било да се работи за мажи било да се работи за жени, е фацијалната симетрија. Фацијална симетрија имаме кога двете страни на лицето, лева и десна, се многу слични. Колку се по асиметрични, толку помалку некој е сексуално атрактивен, веројатно затоа што фацијалната симетрија е поврзана со заболувања и болести.

Анџелина Џоли 

Фацијалната симетрија е важна за сексуалната атрактивност. Мажите преферираат женски лица кои се крајно „феминизирани“, што вклучува речиси детски, или „бебешки“ карактеристики, како што се поголеми од просечната големина на очи и усни. Ова е најверојатно еволутивен производ кој укажува дека бејбифејс карактеристиките укажуваат на младост и женска плодност.

убава русокоса девојка 

Жените пак, од друга страна, сметаат дека мажите со пошироки вилици се поатрактивни затоа што пошироките вилици укажуваат на сила и сексуална зрелост.

И мажите и жените исто така имаат тенденција да преферираат карактеристики на лица кои се блиски до просечните во однос на големината и обликот. Па така, многу голем или многу мал нос, уста, или уши, се сметаат за помалку атрактивни.

 Бред Пит

Исто така, има се поголем број истражувања кои покажуваат дека одреден тип на лица се доживуваат како лице на некој кој може да му се верува, со што се имплицира потенцијал за лидерство. На пример, во цела серија на студии конзистентно е покажано дека луѓето можат точно да го предвидат победникот на одредени избори само со гледање на сликите на лицата на кандидатите. Иако точните карактеристики не се утврдени, јасно е дека некои фацијални показатели предизвикуваат чувство за доверба и лидерски потенцијал.

Пирс Броснан 

Се разбира, обликот на лицето и неговите карактеристики претставуваат само некои од елементите на убавина и сексуална атрактивност. Има и други невербални знаци, како што е обликот на телото на личноста, фризурата и среденоста (шминка, облека...), тонот на гласот, како и динамичките експресивни знаци кои се исто така многу важни во она што ја прави личноста атрактивна.

Убаво Лице 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.