RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
БИДЕТЕ ЖРТВА
Среда, 02 Март 2011
Слика
СТАОРЦИ И ДОПИР
Среда, 02 Март 2011
Слика
ВЕ МОЛИМЕ ЗА ВИНИМАНИЕ!!!
Недела, 11 Септември 2011
Слика
ШТО Е ПСИХОКИНЕЗА?
Среда, 05 Јануари 2011
Слика
СОЦИЈАЛНО БЕЗДЕЛНИЧЕЊЕ
Недела, 09 Октомври 2011
Слика
СРЕДНО, АХ СРЕДНО...
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
СТРАДАТЕ ЛИ ОД АВИОФОБИЈА?
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
ЗАБОРАВЕТЕ НА КРИТИКУВАЊЕТО
Недела, 23 Октомври 2011

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



СЕКСУАЛНА ЗАВИСНОСТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 10515 пати
Сабота, 05 Мај 2012 18:36

Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку клинички третман за својата зависност од секс. Но, што значи да се биде зависник од секс?

Дејвид Духовни 

Според многумина главната причина лежи во се подостапната сексуална содржина на интернет и многубројните начини во денешно време да се дојде до сексуален партнер.

фејсбук секс зависник

Се смета дека 3-6 проценти страдаат од некаков тип на сексуална зависност. Но, фактот што нема најјасна клиничка дијагностика, избегнувањето на истражувачите да се бават со оваа тематика, главно и заради премалите извори на финансирање кога се работи за оваа тема, надополнето со општествената стигматизација и срамот кој многумина го чувствуват во случај да имаат некое сексуално нарушување, сигурно спречува многу повеќе индивидуи да бидат идентификувани како луѓе со сексуална зависност и некој кој е подготвен да побара помош за тоа.

 предупредување зависник од секс

Традиционално, поголемиот дел од болничките и амбулантски пациенти со сексуална зависност (околу 85 отсто) се возрасни мажи. Сепак, постои растечка свест дека жените, исто така, се борат со ова нарушување па и тие, исто така, бараат помош во се поголем број.

двојка има секс

Типично однесување на сексуален зависник

Еве краток преглед на некои типични однесувања манифестирани од активен сексуален зависник:

  • Компулсивна мастурбација со или без порнографија
  • Секојдневна употреба на „меко“ и „тврдо“ порно
  • Бројни афери и кратки „сериски“ врски
  • Посетување на стриптиз клубови, секс-шопови и слични места
  • Проституција или користење на проституција и „сензуална“ масажа
  • Компулсивна употреба на сајберсекс
  • Бројни сексуални „спојки“ со различни луѓе запознаени онлајн или во живо
  • Зачестено практикување на небезбеден секс
  • Потрага по сексуални искуства без да се води сметка за непосредните или долготрајните последици
  • Егзибиционизам или воајерство

сексуален зависник со проститутка

Каква е сексуалната зависност?

За сексуалните зависници, самото сексуално искуство, со тек на времето, станува се помалку поврзано со задоволството а се повеќе со чувства на олеснување или бегство. Здравото, задоволувачко, живото-потврдувачко искуство станува поврзано со опсесија, тајност и срам.

секс зависник

Сексуалните зависници ја злоупотребуваат сексуалната фантазија, дури и во отсуство на сексуален чин или оргазам, за да продуцираат интензивно чувство, налик на транс, кое привремено ќе обезбеди емоционална одвоеност и дисоцијација од животните стресори. Истражувањата покажуваат дека овие чувства, честопати опишани како да се наоѓате во „балон“ или „транс“, се резултат на неврохемиските процеси индуцирани од ослободувањето на адреналин под дејство на фантазијата, исто така на допамин, ендорфини и серотонин, појава не многу различна од одговарање на дадена ситуација со „борба или бегство“.

сексуален зависник сонува

Со текот на времето, скриените фантазии, ритуали и чинови на личноста со сексуална зависност може да ја одведат до водење на двоен живот и лаги и кон себе и кон другите, манипулација, раздвојување, рационализација и негација. Овие одбранбени механизми му дозволуваат на сексуалниот зависник привремено да избега од суштинските чувства на ниска самопочит, страв од напуштање, депресија или анксиозност, затоа што сексуалните фантазии и сексуалните акти се злоупотребени во обид да се исполнат незадоволените емоционални потреби.

сексуална зависничка

За сексуалниот зависник, сексуалните празнења најчесто се случуваат во тајновитост, наспроти позадина на социјална изолација, и отсутна генуина, интимна поврзаност. Овој проблем може да се појави без оглед на надворешниот успех, интелигенција, физичка привлечност, или постојната интимна врска или брак.

тројка

Слично на критериумите за другите нарушувања на зависност, сексуалната зависност ја карактеризираат:

  • Немање контрола врз сексуалните мисли и однесување
  • Ескалација во фреквенцијата и интензитетот на сексуалните активности
  • Негативни последици како резултат на сексуалното однесување
  • Губење на значителни количини на време или интерес за други активности како резултат на барањето или впуштањето во разни сексуални активности
  • Иритација, дефанзивност или лутина при обид да се запре со одредено сексуално однесување.

 девојка голта секс пилула

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.