RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗИМА ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕ
Понеделник, 21 Февруари 2011
Слика
АХ, ТИЕ СЕСТРИ...
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ АНКСИОЗНОСТ
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
НЕ ГИ ЛАЖЕТЕ БЕБИЊАТА, ЗНААТ!
Среда, 07 Декември 2011
Слика
ДАЛИ ПИШУВАЊЕТО БЛОГ УСРЕЌУВА?
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
ШТО Е ТОЧНО ДЕЖА ВУ?
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
СИНХРОНИЦИТЕТ
Четврток, 30 Мај 2013

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



ПСИХОЛОГИЈА НА ДОПИРОТ PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 4.50 од можни 5)
прочитано 12522 пати
Понеделник, 26 Декември 2011 15:27

Едно ново истражување открива дека допирот на рамото го зголемува одговорот на мозокот на емоционална стимулација. Убедувачките ефекти на допирањето се откриени.

 two-girls

Научниот магазин Социјална Невронаука, објави истражување во кое се испитувани психолошките ефекти од допирањето во социјални ситуации. Експерименталниот труд на Анет Шример и нејзините колеги е ставен во рамки на невронауката и е многу понапреден од другите истражувања на слична тема во минатото.

eeg-application

Ефектите од допирањето во социјалниот живот

Претходните истражувања во врска со допирањето покажале дека ако непознат допре некого тогаш тој е понаклонет да му направи услуга. На пр., доколку келнерот во ресторанот ги допре луѓето кои вечераат тогаш тие се понаклонети да му остават поголем бакшиш во споредба со оние гости кои не ги допрел. Уште еден пример, овојпат за библиотекарите. Доколку библиотекарот го допрел оној кој дошол да се зачлени, на прашањето за љубезноста на библиотекарот подоцна, новиот член давал повисоки оценки отколку оние нови членови кои не биле допрени (Џерет, 2011). Психологијата на допирот е интересна приказна за убедувањето во секојдневниот социјален живот.

библиотека

Експерименти со ЕЕГ

Електроенцефалограф или ЕЕГ, бил искористен од Шример и колегите во психолошката лабораторија за да ја прикаже новата невронаука на допирот. ЕЕГ е аналитички метод за бележење на електричната активност на мозокот, честопати наречена мозочни бранови.

еег експеримент

На женските учесници во истражувањето за допирот им биле покажани неутрални или негативни визуелни дразби во Шимеровата лабораторија, а за тоа време, ЕЕГ-то ја мерело површинската мозочна активност на нивните мозоци.целта на експериментот била да истражи како допирот влијае врз одговорот на мозокот на неутралните и негативните сликовни дразби. Имало три експериментални ситуации, допир на рамото од женска пријателка, допир преку манжетна за притисок која била управувана од женската пријателка и допир преку манжетната кога била управувана од компјутер. Имало и контролна група на женски испитаници кои не добивале никаков допир. Сложениот дизајн им дозволил на Шимер и колегите да проценат дали имало врска кој гој врши допирањето, близината на допирот или дали самиот допир имал влијание врз мозочните бранови кај жените.

еег монитор

Невронаука на допирот

Во Шимеровата лабораторија за невронаука, експерименталните резултати покажале дека допирот од пријателката го засилил одговорот на мозокот на емоционалните слики. ЕЕГ–то покажало поголемо ППК (последна позитивна компонента) на мозочните бранови кај учесничките кои биле допирани од човек. Без оглед на тоа дали биле допирани од човек или од манжетната, поголемо ППК било забележано кај испитаничките во споредба со оние од контролната група кои не добивале никаков допир.

eeg2

Според психолозите ППК е показател за електричната активност на мозокот кој е поврзан со процеси на правење ментални процени. Шример и колегите тврдат дека повисоката забележана вредност за ППК за емоционалните слики во споредба со неутралните е поврзана со допирот, без разлика на контекстот на допирот.

експеримент

Ова истражување е почеток на потврдата дека психолошките ефекти од допирот не се резултат на нашето божемно давање значење на допирот, туку поддршка на погледите дека психологијата на допирот има реален ефект, базиран на дојдовното сензуално влијание на допирот. Шример и групата на психолози сметаат дека нивното истражување е во врска со претходните бихејвиорални истражувања кои покажале дека допрената личност е поалтруистична личност. Ваквиот алтруизам може да се пренесе и на пријателите, семејството или непознатите кои се мотивирани од допирот.

images

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.