RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СТО ЦЕНТИ ПОВРЕДНИ ОД ЕДЕН ДОЛАР
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
ВЕ МОЛИМЕ ЗА ВИНИМАНИЕ!!!
Недела, 11 Септември 2011
Слика
СО КОГО ОДИТЕ НА КИНО?
Четврток, 03 Март 2011
Слика
ПРЕДНОСТИ НА ЕМПАТИЈАТА
Среда, 23 Јануари 2013
Слика
ЗЕЛЕНО ЗА СРЕЌНИ РАБОТНИЦИ
Петок, 03 Декември 2010
Слика
ЛУЃЕТО СЕ СВЕСНИ КОГА СЕ ПИЈАНИ
Сабота, 15 Октомври 2011
Слика
ПЛАТА И СТРЕС
Сабота, 12 Март 2011
Слика
ПОПУШТИ ЈА МУЗИКАТА
Вторник, 11 Јануари 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



ПОМНИТЕ ЛИ ЛИЦА? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2775 пати
Петок, 26 Ноември 2010 22:14

Некои луѓе велат дека никогаш не забораваат лица. Ова тврдење е поткрепено од психолозите на Харвард кои открија група на таканаречени "супер-препознавачи".

 

лица

Тоа се оние луѓе кои лесно можат да препознаат некого што го сретнале на поминување, дури и многу години подоцна.

Нова студија укажува дека не сите луѓе еднакво препознаваат лица.

Претходно истражување утврди дека два проценти од популацијата има прозопагнозија (или "слепило за лица"), состојба која се карактеризира со големи потешкотии во препознавањето на ликови. За првпат, ново истражување покажува дека други луѓе се одлични во препознавањето, што укажува дека постои цел еден спектар на препознавање, со прозопагностиците на дното и "супер-препознавачите" на врвот од скалата.

Истражувањето е објавено во "Psychonomic Bulletin & Review", и беше предводено од страна на Ричард Расел, постдокторантски истражувач на Одделот на Психологија на Харвард, со ко-авторите Кен Накајама, Едгар Пирс, професор по психологија на Харвард и Бред Дучејн од Универзитетскиот Колеџ во Лондон.

слепило за лица

Истражувањето се состоеше од спроведување на тестови за препознавање на ликови. "Супер-препознавачите" покажаа далеку подобри резултати на овие тестови за разлика од просечните контролни субјекти.

"Постоеше претпоставка дека постои нормално или пореметено препознавање на ликовите," вели Расел. "Ова посочува дека тоа не е вистина, и дека постои всушност еден широк спектар на препознавање. Тоа укажува дека постои различен модел и поинаков начин на размислување за способноста на препознавање, и веројатно дури и други аспекти на перцепирање, во смисла на еден цел спектар способности, а не само простото гледиште дека постои нормална или нарушена способност."

"Супер-препознавачите" изјавуваат дека повеќе препознаваат отколку што другите нив ги препознаваат. Поради ова, вели Расел, тие често компензираат така што се преправаат дека не препознале некого на поминување, со цел да избегнат придавање на непотребно внимание на некоја минлива средба.

црти на лице

"Супер-препознавачите имаат екстремни приказни за препознавањето," вели Расел. "Тие на пример можат да препознаат личност која купувала во истата продавница со нив пред два месеци, а со која немаат прозборено ни збор. Тоа не мора да биде значајна интеракција; тие се навистина исклучителни по своите способности да ги помнат луѓето кои не се многу битни."

Една жена од истражувањето изјави дека препознала на улица друга жена која ја послужила како келнерка пред пет години, и тоа во сосема друг град. Таа беше способна да потврди дека другата жена била келнерка во друг град. Често "супер-препознавачите" можат да препознаат друга личност и покрај битни промени во изгледот, како стареењето или друга боја на косата.

Доколку способноста за препознавање варира, тестирањето на оваа способност може да биде битно за да се оцени исказот на сведок, или пак при интервјуата за одредени работни позиции, како обезбедување или проверка на лични документи.

препознавање на улица

Расел теоретизира дека "супер-препознавачите" и оние кои се "слепи за лица" можат да се разграничат денес благодарејќи на тоа што нашите општества не се исти како оние кои постоеле пред илјадници години.

"Се до неодамна, повеќето луѓе живееја во многу помали заедници, при што интеракцијата се одвиваше меѓу помал број луѓе секојдневно во рамките на една група," вели Расел. "Може да биде навистина нов феномен потребата за препознавање на голем број на луѓе."

Истражувањето беше финансирано од  Националниот Очен Институт на САД и Британскиот Совет за Економски и Социјални Истражувања.

балон со човечки лик

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.