RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПОПУШТИ ЈА МУЗИКАТА
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
ВИДОВИ ТЕЛЕКИНЕЗА
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
МАЈКИТЕ НА БЛИЗНАЦИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
ВИРУСИ ЗА КОНТРОЛА НА МОЗОКОТ
Вторник, 20 Декември 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



СЕМЕЈНИТЕ ОБРОЦИ НОСАТ ЗДРАВЈЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3697 пати
Среда, 16 Ноември 2011 09:29

Ви изгледа ли како семејните оброци секогаш да се конзумираат “на трчање.” ...

семејство јаде заедно

Семејниот ручек може да ви изгледа како луксуз кој не можете да си го дозволите поради густиот семеен распоред. Родителите и децата имаат други обврски или нивните распореди не се синхронизирани за да може да си дозволат семеен ручек.
Јадењето со брзање го зголемува ризикот за дебелина во детството и развивање на слаби навики на исхрана и може да доведе до развој на пореметување на исхраната. Во клиничката пракса со булимичните пациенти често се среќава долга историја на хаотична исхрана. Тие може да каснат ужинка или да земат нешто од автоматите за храна, да јадат од стоење или во нивната кола, брза храна, но недостасуваат семејни оброци.

мало девојче јаде во кола
Дополнителна добивка од заедничките оброци е можноста да се зближите со вашите деца и да дознаете што им се случува во животот. Само осигурајте се дека не ги користите оброците за да им префрлувате на децата за слабите оцени, неуспехот да ги исполнат задолженијата или за други непосакувани теми. Уживајте во оброкот со децата. Можете да разговарате за проблемите во друго време.
Со оглед на големата здравствена и психолошка цена на дебелината во детството и можноста за зголемување на комуникација со вашите деца, би било вредно да се направат неопходните промени за да се обезбедат неколку семејни оброци секоја недела. Иако е непријатно и бара промени во распоредот и откажување на одредени активности, придобивките ќе искомпензираат повеќе за ова нарушување.

мајка и син
Може да почувствувате дека е бесмислено да ручате заедно. Многу родители се обиделе да започнат разговор, но се жалат дека нивните деца не сакаат да зборуваат. Не треба да се обесхрабрувате доколку разговорот звучи слично на ова:
Родител: “Како беше на училиште?”
Дете: “Добро.”
Родител: “Што правевте на часовите?”
Дете: “Ништо.”

татко разговара со син
Наместо тоа, може да ја започнете конверзацијата со отворени прашања. Дури и да добиете површен одговор, како “во ред” или “добро” или невербало мрморење, вашето дете барем ќе знае дека покажувате интерес. Доколку овој шаблон се повторува, може да разговарате со брачниот другар за тема која би можела да го интересира вашето дете. На пример, може да зборувате за спорт, филмови, музика па дури и политика. Осигурајте се дека разговорот е позитивен, а не прекритичен. Во одреден момент од разговорот повремено може да го запрашате детето што мисли.

семејство руча заедно
Започнете со целта за воспоставување на семејна рутина на оброци барем една или две вечери неделно. Разгледајте ги семејните распореди за да видите кои денови имаат најмалку обврски. Дури и да не постои перфектно решение, направете разлика меѓу суштински и изборни активности. Запрашајте се, во светлото на здравствените и психолошките последици на детската дебелина и пореметувањата во исхраната, која од тековните активности на вашето семејство е посуштински од семејниот оброк? Кога ќе размислите, ќе дознаете дека многу малку активности се поважни од промовирањето на здрави навики на исхрана и подобрување на комуникацијата со вашите деца. Добар апетит!

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.