RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ШТО ГИ ПРАВИ ЛУЃЕТО РАЗЛИЧНИ??
Сабота, 08 Октомври 2011
Слика
НЕ СЕ ВОЗДРЖУВАЈТЕ
Четврток, 21 Април 2011
Слика
СОВЕСТ ПРОТИВ АНТИСОВЕСТ
Четврток, 23 Февруари 2012
Слика
ГРУПНО РАЗМИСЛУВАЊЕ
Четврток, 22 Септември 2011
Слика
ВАКЦИНА ПРОТИВ ПРЕДРАСУДИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
КАСТРАЦИОНА АНКСИОЗНОСТ
Вторник, 19 Април 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



КАКО ДА ИМ ПРОСТИТЕ НА ДРУГИТЕ? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 9259 пати
Четврток, 10 Ноември 2011 08:43

Така што ќе сфатите дека првенствевно тоа е добро за вас а дури потоа за оние на кои сте решиле да им простите....

прегратка
 Простувањето е процес на ослободување од негативните емоции. Луѓето кои имаат проблем да го прифатат извинувањето, почесто страдаат, бидејќи не се во состојба да признаат дека сите луѓе прават грешки, а не ретко и тие можат да бидат едни од нив.
Тврдоглавото прифаќање на улогата на „жртва“ и одбивањето да простите не ве прави луѓе со цврст карактер. И не треба да размислувате дека ако лесно го прифатите извинувањето, дека повторно ќе бидете повредени. Се вели дека човечки е да се греши, божествено е да се простува. На оваа тема, психолозите советуваат комуникација со личноста која ви згрешила, и тоа без осудувања и префрлање на вината. Разбирањето на мотивите на другата страна, без разлика колку погрешни или ненамерни биле, и сознанието за нивното каење може да ве доведе до простување. Нормално, потребно е времето и излечените рани тоа да го дозволат.

цвеќе
Еве неколку совети како да простите:

Цврста одлука за прошка
Многу е важно од длабочината на срцето да сфатите дека простувањето може само да ви олесни и да ве ослободи од негативната енергија. Тоа исто така ќе ви даде мотивација да продолжите со животот понатаму и да заборавите на болката.

другарки во прегратка

Сфатете дека себеси си правите услуга
Не го сфаќајте овој процес само како олеснување на совеста на другата страна, туку и за вас е добро да простите. Тоа не значи дека некому ќе му дадете дозвола повторно да ве повреди на ист начин, но за вашето емотивно и ментално здравје, подобро е да простите и продолжите понатаму.

дечко и девојка

Развијте емпатија за личноста што ве повредила
Обидете се да ја разберете личноста која ненамерно ве повредила. Сфатете дека и вие не сте совршени и дека и вие сте биле во истата ситуација некогаш и сте повредиле некого намерно или ненамерно. Можеби дури некои ваши постапки биле индиректна причина за постапката на личноста што ви згрешила. Сепак, немојте да одите во таа крајност и себеси да се обвинувате за сите конфликти во вашиот живот.

писмо за прошка

Напишете писмо
Напишете и’ писмо на личноста на која сте лути. Не го праќајте, само дадете си себеси шанса да ги разгледате причините поради кои се чувствувате повредено. После тоа, запишете и зошто би требало да и’ простите на личноста и причините поради кои го сакате тоа.

поздрав
Преземете позитивна акција
Откако ќе завршите со процесот на простување и кога ќе почувствувате олеснување, направете нешто позитивно за да си покажете себеси дека сте го надминале тоа. И запаметете, простувањето ве прави и вас самите подобра личност.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.