RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ИСТИ ГЕНИ, РАЗЛИЧНИ КАРАКТЕРИ
Четврток, 10 Март 2011
Слика
ПСИХОЛОШКИ ИГРИ
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
5 ТИПОВИ НА ЖЕНИ
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
СО СТАРОСТА ДОАЃА МУДРОСТА
Среда, 12 Октомври 2011
Слика
ГОРЧЛИВИ ГЕНИ
Понеделник, 01 Август 2011
Слика
СТРАВ ОД МАТЕМАТИКА
Четврток, 01 Септември 2011
Слика
ИЗБРКАЈТЕ ГИ НЕГАТИВНИТЕ МИСЛИ
Понеделник, 31 Октомври 2011
Слика
МАРКЕТИНГ И СЕ Е МОЖНО
Понеделник, 19 Декември 2011
Слика
РАКОТ И ОРАЛНИОТ СЕКС
Понеделник, 18 Јули 2011

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг



ЗОШТО НЕКОИ ЛУЃЕ СЕ ПОАГРЕСИВНИ? PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 11271 пати
Среда, 12 Октомври 2011 16:18

Нови податоци за тоа зошто некои луѓе се поагресивни од други...

агресивна жена

Едно истражување од Универзитетот Кембриџ покажува дека промените на нивото на серотонин во мозокот кои често се појавуваат кога некое лице не јадело долго време или е под стрес,влијаат врз пределите на мозокот што им овозможува на луѓето да ја регулираат лутината.

Иако ниските нивоа на серотонин порано се поврзувале со агресивност, ова е прво истражување кое покажува како оваа супстанција помага при регулирањето на однесувањето во мозокот а исто така објаснува зошто некои луѓе се повеќе склони кон агресивност.

агресивни мажи

За целите на истражувањето, нивоата на серотонин кај здравите доброволци беа променети со тоа што се менуваше нивниот начин на исхрана. Денот кога не примаа серотонин, им беше дадена мешавина од амино киселини во кои немаше триптофан, основата на серотонинот. На денот кога се применуваше ефектот плацебо, им беше дадена мешавина но со нормална количина на триптофан.

Потоа, истражувачите го скенираа мозокот на доброволците со помош на магнетна резонанца додека тие набљудуваа налутени, тажни лица и неутрални изрази. Со магнетната резонанца, тие можеа да покажат како пределите на мозокот реагираа и комуницираа меѓусебно кога доброволците гледаа тажни лица во споредба со тажни и неутрални изрази.

жена вика

Истражувањето покажува дека при ниски нивоа на серотонин, се воспоставува комуникација помеѓу одредени предели на мозокот во емоционалниот лимбичен систем (структура наречена амигдала) и фронталниот предел која е послаба во споредба со комуникацијата при нормални нивоа на серотонин. Податоците покажуваат дека кога нивоата на серотонин се ниски, фронталниот кортекс има проблеми при контролата на емоционалните реакции на лутина кои се генерираат во амигдалата.

браќа се тепаат

Со помош на анкета за личноста, истражувачите открија кои лица имаат природна склоност да се однесуваат агресивно. Кај овие лица, врските меѓу амигдалата и предфронталниот кортекс се уште послаби кога нивото на серотонин е ниско. Слабите врски покажуваат дека предфронталниот кортекс има проблеми при контролирање на чувствата на бес кои се генерираат во амигдалата кога нивото на серотонин е ниско. Како резултат на тоа, овие лица кои се склони кон агресија имаат недостиг на серотонин.

возбудена жена

Доктор Моли Крокет вели: „Со децении се знае дека серотонинот игра клучна улога во агресивноста, но неодамна се откри дека постои технологија која помага при анализа на мозокот и покажува колку серотонинот помага при контролата на емоционалните импулси. Комбинирајќи ја долгата традиција во бихевиоралните истражувања со новата технологија, конечно можевме да го откриеме механизмот на влијание на серотонинот врз агресивноста."

жена и маж се караат

Доктор Лука Пасамонти, коавтор на истражувањето вели: „Иако овие резултати доаѓаат од здрави доброволци, тие се сосема релевантни и за луѓето со психички пореметувања кај кои насилството е чест проблем. На пример, овие резултати можат да помогнат при објаснувањето на механизмот на мозокот кај луѓе со периодични експлозивни нарушувања (IED). Овие лица покажуваар интензивни, екстремни и неконтролирани импулси на насилство кои се јавуваат како резултат на провокација од некое лице со израз на лутина."

„Се надеваме дека нашето истражување ќе ја подобри дијагнозата за оваа болест и ќе помогне при подобрувањето на медикаментите за лекување на вакви состојби."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.