RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
10 МЕТОДИ НА КОНТРОЛА НА УМОТ
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
ЗАРАЗНО СМЕЕЊЕ
Среда, 30 Март 2011
Слика
ЖИВОТНИ МАТЕМАТИЧАРИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ СЕКС ЗАВИСНИК?
Четврток, 23 Декември 2010

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



СОЦИЈАЛНА ВОЗНЕМИРЕНОСТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5866 пати
Понеделник, 15 Август 2011 17:02

Срамежливоста е карактеристика која ја имаат сите луѓе. Сепак, за некои ова може да стане пречка за правилен и здрав живот.

дете застрамено пред класот

Дали некогаш сте се нашле на улица полна со луѓе и сте помислиле дека сите гледаат во вас и размислуваат за вас? Дали избегнувате да јадете во јавност затоа што се срамите да јадете во друштво на други луѓе? Дали некогаш не сте заминале на училиште затоа што требало да држите говор пред сите само затоа што се срамите, црвенеете и чувствувате дека колената ви се тресат и сите тоа можат да го забележат? Епа тогаш, можеби страдате од социјална вознемиреност.

Дефиниција

Нарушувањето кое се јавува поради социјалната вознемиреност (Social anxiety disorder (SAD)) е нарушување при кое една личност чувствува прекумерен и неразумен страв во социјални ситуации. Овие лица чувствуваат вознемиреност на дневна база и се повлекуваат во себе со цел да избегнат ситуации во кои би биле усрамени.
Ако не се лечи правилно, оваа појава може да влијае врз многу аспекти на животот на човекот, како што се работата, школото и врските. Оваа појава е трета на листата на ментални нарушувања после депресијата и алкохолизмот. Скоро 19, 2 милиони луѓе се борат со оваа болест.

маж се страми

Симптоми на социјалната вознемиреност:

- црвенеење
- прекумерно потење
- треперење
- побавно функционирање
- болки во стомакот
- побрза работа на срцето
- нагон за повраќање
- дијареа

Ситуации во кои се јавуваат овие симптоми:

- држење јавен говор
- јадење во јавност
- користење на јавен тоалет
- забави и други друштвени собири
- поставување прашања на час

девојка со социјално растројство

Причини за појава на социјална вознемиреност

Иако не постои една главна причина за оваа појава, се смета дека гените и самата околина играат голема улога при развојот на ова нарушување. Бидејќи ниту едно ментално нарушување не се појавува само по себе, ова нарушување повлекува и болести како што се клиничката депресија, генерална вознемиреност и прекумерна употреба на опојни супстанции. Употребата на лекови и опојни супстанции е чест проблем затоа што овие луѓе сметаат дека можат сами да си помогнат ако земаат дрога или алкохол затоа што можат да им помогнат за полесна интеракција со другите.
Факторите на околината исто доведуваат до појава на социјална вознемиреност, затоа што луѓето често доживуваат да бидат исмеани или понижени од другите. Децата пак кои биле под голема заштита од своите родители можат да се здобијат со оваа болест во понатамошниот живот како резултат на неразвиените социјални вештини.

апчиња

Лекување на нарушувањето поврзано со социјалната вознемиреност

Како и кај секое ментално нарушување, терапијата која вклучува когнитивно однесување преку “разговор” комбинирана со медикаменти е најдобриот лек за подобрување на животот кај луѓето што страдаат од оваа болест. Практикувањето реални општествени ситуации со професионалец во кого имате целосна доверба може многу да помогне при ослободувањето од срамот кај овие лица. Лековите против вознемиреност и депресија исто така можат да помогнат.
Социјалната вознемиреност е тежок проблем кој може да претставува пречка при извршувањето на дневните обврски. Препознавањето на проблемот е првиот чекор кон негово решавање.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.