RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ИНТЕРКУЛТУРНА ПСИХОЛОГИЈА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3493 пати
Четврток, 21 Јули 2011 18:33

Интеркултурната психологија е гранка на психологијата која ни овозможува разбирање на влијанието кое одредена култура го има врз однесувањето и личноста на еден човек.

знамиња


Психологијата одбира да го истражува човечкиот ум и однесување и така си го гради патот до една од најпопуларните теми. Нешто што ни кажува зошто се однесуваме на начинот на кој се однесуваме и за факторите кои водат до одредено однесување, мора да предизвикаат каква што доликува. За оние кои ја проучуваа психологијата и ги знаат нејзините основи ќе знаат дека постојат неколку фактори кои се јавуваат кога се проучува човековото однесување. Додека имаме тенденција да го проучуваме општеството и неговото влијание врз однесувањето на човекот во форма на социокултурна психологија, еден важен фактор, а сепак често занемаруван, е токму таа култура. Културата, како што се вели, влијае на начинот на кој размислуваме, делуваме и се однесуваме и токму таму се јавува важноста и доаѓа до израз интеркултурната психологија.

млади луѓе

Интеркултурната психологија ги проучува разните начини на кои културата влијае врз човечкото однесување. Ги проучува сличностите, како и разликите кои разните култури ги имаат врз однесувањето и личноста на човекот. Во оваа статија ќе се обидеме да навлезиме подлабоко во проблемите и прашањата со кои се занимава интеркултурната психологија и ќе се обидеме подобро да ја објасниме оваа тема.
Што е интеркултурна психологија?
Тоа е прилично нова гранка на психологијата и овозможува комплетно нова перспектива на другите варијанти  кои влијаат врз однесувањето, како и врз личноста. Но, прво нешто повеќе за концептот на културата.

девојки

Културата беше опишана како различни обрасци на однесување, стилови, манири, реакции, вредности и обичаи кои се пренесуваат од генерација на генерација. Студирањето на манирите и други фактори на однесувањето може лесно да се направат за да го потврдат фактот дека одредена група на луѓе припаѓаат на слична заедница и ја делат истата култура. Затоа, се докажа дека културата има влијание врз однесувањето на личноста сложеноста на тоа како ова се случува и што е тоа на што оваа гранка на психологијата се фокусира.
Заедно со проучувањето на влијанието на одредена култура врз однесувањето на некоја личноста, исто така ги проучува и сличностите меѓу различни култури и разликите помеѓу различни култури.


Области на проучување - Примери


Дали интеркултурната психологија се ограничува само на студирањето на однесувањето на личноста? Не, тоа не е точно. Заедно со однесувањето на личноста, исто така, ги проучува и бројните други практики кои се чести во сите култури - на пример, одгледувањето на детето. Го проучува и влијанието коe културата го има врз овие практики.
Проучувано е дека начинот на кој родителите ги одгледуваат нивните деца се базира на културата и влијанијата кои таа ги има врз личноста. На пример, во одредени држави, детето спие во одвоена соба уште од раѓање, а во многу други држави низ светот детето спие во собата на родителите до одредена возраст. Ова е пракса која како што се забележува ја предизвикува културата. Дали има ефект врз однесувањето на детето? Дефинитивно има. Тоа може да се забележи во начинот на кој две деца (или возрасни) од различни држави реагираат на концептот за “независност”, “личен простор” и “слобода”. За детето кое имало своја соба уште од раѓање, ќе бидат воведени рано во животот и може да заземат позиција на потреба во однос на ликсузот. Додека пак, овие исти концепти се воведуваат подоцна во животот на другото дете и може да го немаат истото значење како кај претходното дете. Иако се работи за исти концепти, начинот на кој се перцепираат може биде различен во различни култури.

бебе во креветче

Исто така, забележано е дека културата има ефект врз здравјето и предиспозициите на личноста за разновидни болести и состојби. Одредени култури се наклонети кој одредени болести додека другите не се. Само после внимателна дисеминација на истата се забележува улогата на културата во предизвикувањето на оваа појава, а постојат и студии на оваа тема.
Забележано е дека и перцепциите за раличните концепти и обрасци на однесување се менуваат во зависност од културата на која припаѓа личноста. Овие фактори се детално простудирани во оваа гранка на психологијата и извлечен е заклучок за истите.
Интеркултурната психологија е многу интересен концепт и кога некој ја разгледува подетално, станува јасно како често игнорираниот фактор како ‘културата’ има влијание врз личноста и нејзините обрасци на однесување.


Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.