RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОСАМЕНОСТА ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
ДЕПРЕСИВНО МЕЧТАЕЊЕ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
МАГНЕТ ПРОТИВ МОРАЛ
Вторник, 08 Март 2011
Слика
МРАВКИТЕ ВОДАТ
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
КАКО ТРГУВААТ ЛУЃЕТО И ЖИВОТНИТЕ
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
СЕ СМРЗНАВ ОД СТРАВ
Понеделник, 10 Јануари 2011
Слика
САМО НЕ ПАРИТЕ
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
ИЗГЛЕД ЗА ЛИДЕРСТВО
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ПЛАЦЕНТА И БЕБЕШКИ МОЗОК
Среда, 02 Март 2011

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



СМИСЛЕНА УЧТИВОСТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3345 пати
Среда, 06 Април 2011 20:13

Некои алтруистични акции може да бидат управувани од попрактична, несвесна мотивација. Таков е случајот со учтивоста.

учтиви Јапонци

Истражувањето на докторантот Џозеф Сантамариа и д-р Дејвид Розенбоум од Пенсилванија Стејт Универзитетот е очигледно првото кое комбинира две полиња на студирање кои вообичаено се сметаа за неповрзани: алтруизмот и моторната контрола.

“Начинот на кој етикетата беше гледана од Емили Пост - дека сме пристојни доколку ги следиме социјалните прописи - е несомнено дел од тоа,” вели професорот по психологија Розенбоум.

“Нашиот увид е дека постои уште еден придонесувач: психичката претстава за физичкиот напор на другите луѓе. Значајно истражување во полето на моторната контрола покажува дека луѓето се добри во проценувањето за тоа колку тие и другите се трудат,” вели Розенбоум. “Ние сфативме дека овој концепт може да се прошири во модел на заеднички напор на учтивоста.”

отворање врата од кола

Истражувачите ги снимија луѓето кои се приближуваа и поминуваа низ врата на универзитетската зграда. Од лентите се анализираше врската помеѓу неколку однесувања: Дали првата личност ја задржа вратата за следната или следните личности и колку долго? Како веројатноста за задржувањето на вратата зависи од растојанието помеѓу првата личност до вратата и кој и да следеше по неа?

“Најважниот резултат,” вели Розенбоум, “беше тоа што кога некој ќе стигнеше до вратата, а потоа следеа две лица, првата личност до вратата ја држеше подолго отколку ако следеше само една личност. Внатрешната пресметка на делот кога пристигнува првата личност беше, ‘Од мојот алтруизам ќе имаат корист повеќе луѓе, затоа ќе ја задржам вратата подолго.’”

Друг наод: следбениците кои ја забележаа личноста која ја држи вратата ги забрзаа своите чекори, помагајќи во исполнувањето на “имплицитниот пакт” помеѓу нив и оној кој ја држи вратата “за да го одржат нивниот здружен напор под количината на нивните индивидуални напори за отворање на вратата,” пишуваат авторите.

помагање на баба

Почесто објаснување на тоа зошто пружаме физички гест на учтивост е нешто што истражувачите го нарекуваат модел на “критична дистанца”: Ние правиме нешто за некого доколку е доволно блиску. Но, истражувачите го сметаа тој модел за недоволен.

“Потребен ни е начин на опишување зошто постои промена на веројатноста” за извршување на задачата и за потрошување на повеќе време на неа, вели Розенбоум. Дали критичната дистанца е 3 метри? Зошто не 15 метри? Што е “доволно блиску?” И зошто да се чека подолго ако следат повеќе луѓе?

“Сепак се враќате на прашањето за тоа што се обидуваат да постигнат индивидуите,” вели тој.

Розенбоум го гледа моделот на заеднички напор како поттикнувачки, а не намалувачки во однос на нашата благодарност за добри манири: “Тоа се луѓе кои веројатно нема да се видат повторно,” вели тој, “но во оваа минлива интеракција, тие го редуцираат меѓусебниот напор. Овој мал гест е го воздигнува оштеството на повисоко ниво.”

учтив тенисер

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.