RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗОШТО ТАГУВАМЕ ПО СТРАНЦИ?
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
ОСАМЕНОСТА ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
РЕАЛНО НАСПРОТИ ВИРТУЕЛНО
Четврток, 14 Април 2011
Слика
СО ПОЗИТИВНИ МИСЛИ ДО ЗДРАВЈЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
СО АПЧИЊА ЗА СПИЕЊЕ ВО СМРТ
Вторник, 22 Март 2011
Слика
СМРТНО БОЛНО РАСКИНУВАЊЕ
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
СПОРТ ЗА ВАШЕ ДОБРО
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
70-ГОДИШНИ ГЕНИЈАЛЦИ
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
СТО ЦЕНТИ ПОВРЕДНИ ОД ЕДЕН ДОЛАР
Вторник, 09 Ноември 2010

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер



ЗОШТО НАВРЕДУВАТЕ? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 7948 пати
Четврток, 10 Март 2011 22:33

Кога се чувствувате лошо, што правите? Па секако, ги навредувате другите за да се чувствувате подобро.

телефонски навреди

Паднавте на испит? Или можеби “зафркнавте” некој проект на работа? Шансите да им се “нафрлите” на другите што се различни од вас се поголеми од тие да пробате да се вратите во форма, вели едно ново истражување.

„Ова е една од основните причини зошто луѓето создаваат стереотипи и предрасуди. Едноставно, тоа прави да се чувствуваме подобро.“ – вели Џефри Шерман од Универзитетот во Калифорнија. „Кога се чувствуваме лошо во своја кожа, ги омаловажуваме другите луѓе, и со тоа си го подобруваме мислењето за себеси.“

караница

Психолозите сметаат дека има две причини зошто луѓето кои се чувстуваат лошо во сопствената кожа имаат повеќе предрасуди отколку самоуверените луѓе. Шерман вели: ниското мислење за себеси или ги зголемува негативните проценки за другите или помалку ги потиснува ваквите проценки.

Меѓутоа, нема универзален консензус ни за едното ни за другото – „Луѓето ги користат истите податоци за да создадат целосно различни аргументи ‘зошто’ прават нешто,“ – па затоа, Шерман и неговиот соработник Томас Ален почнале да ја анализираат причината зошто се однесуваат лошо кон другите, врз основа на личен пример.  Нивниот заклучок е: недостатокот на самодоверба ги зголемува негативните предрасуди.

двојка

Скриени предрасуди

Истражувачите направија неколку испитувања за да го скршат егото на некои од испитаниците и да видат дали тие ќе покажат знаци на расни предрасуди.

На 57 испитаници им бил даден тест со 12 тешки прашања кои барале креативно размислување. Никој не одговорил точно на повеќе од две прашања. На околу половина од испитаниците им биле дадени лоши резултати и им било кажано дека просечниот број на точни одговори бил 9, само за да направат да се чувствуваат лошо. На другите им било кажано дека резултатите ќе ги добијат подоцна.

Потоа, сите испитаници направија тест за вицовите за расните предрасуди. Тие гледаа во компјутерски монитор на кој се појавуваа позитивни и негативни зборови како и слики од црни и бели луѓе. Прво, стиснуваа на копчето “Е” на тастатурата кога се појавувале црни луѓе или негативни зборови, а потоа стиснуваа на копчето “I” кога имало бели луѓе или позитивни зборови.

предрасуди

Потоа испитаниците се прегрупираа и пак стиснуваа едно копче за црни луѓе или позитивни зборови, а друго за бели луѓе или негативни зборови.

Целта на овие тестови беше да се докаже дали ако учесниците имале негативни асоцијации за црните луѓе, потешко би го решеле вториот тест, и ако имале негативни асоцијации со белите луѓе, дали за нив првиот тест би бил потежок. Ова би требало да биде точно особено за луѓето кои имаат лошо мислење за себе.

И, како што се очекуваше, тие кои сметаа дека се покажале лошо на тестот, покажале дека имале несомнено повеќе предрасуди.

стереотипи

Зошто ги навредуваме другите?

Истражувачите ги примениле овие резултати врз компјутерски модел кој вклучувал четири процеси што можат да се извршуваат додека да се стигне до крајниот резултат, т.е. до нивото кога во нашиот мозок се активираат предрасудите и да се открие дали можат да се надминат истите. Податоците откриваат дека луѓето со лошо мислење за себе полесно ги изнесувале предрасудите не затоа што веќе не можеле да ги сокријат туку затоа што тие чувства се активирале до многу висок степен.

„Разликата е суптилна ама сепак е значајна,“ – вели Шерман.

„Ако проблемот на луѓето е што тешко ги контролираат предрасудите, тоа лесно ќе се реши преку тренинг на самоконтрола,“ – вели тој. „Меѓутоа, вистинскиот проблем е дека нашиот мозок се стреми кон многу поголеми размери на негативно изнесување кон други групи.“

„Обидот да се размислува поинаку за луѓето може да го реши овој проблем. Ако се чувствувате лошо во сопствената кожа и почнувате да размислувате лошо за другите, потсетете се: „Ова што моментално го чувствувам е само последица од моите лоши резултати на тестот или нешто слично.“

фудбалска расправија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.