RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТОТ ЛЕКУВА!
Четврток, 03 Ноември 2011
Слика
МОРАЛНИ ТАБЛЕТИ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
ПОТЕКЛОТО НА МОРАЛНОСТА
Среда, 18 Јануари 2012
Слика
МАРИХУАНАТА ГО МЕНУВА МОЗОКОТ
Вторник, 01 Ноември 2011
Слика
ИЗБРИШЕТЕ ГИ ГРДИТЕ СЕЌАВАЊА
Недела, 14 Ноември 2010
Слика
ПАРАНОРМАЛНА ПСИХОЛОГИЈА
Понеделник, 19 Декември 2011
Слика
8 НАЧИНИ ДА СЕ РАСПОЛОЖИТЕ НАУТРО
Понеделник, 17 Октомври 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



БИДЕТЕ ФИНИ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 3810 пати
Вторник, 01 Март 2011 01:00

Зошто да бидете фини, ако останатите луѓе едвај чекаат да го злоупотребат тоа?

нож в грб

Алтруизмот и соработката помеѓу луѓето и животните се во ред, но како да се запрат неколкуте себични индивидуи да го злоупотребат тоа? Керол Џахме отиде во зоолошка градина за да го добие одговорот на ова прашање.

Вервет мајмуните се многу кооперативни, но тие би ја нападнале индивидуата која се однесува себично.

Кооперативното однесување, особено актот на љубезност од страна на странци (познато како нереципрочен алтруизам) ги збунува научниците. Зошто ова навидум самопонижувачко однесување постои?

Важноста на соработката е веќе долго позната. Во 17-от век, филозофот Томас Хобс напиша дека животот без кооперативни социјални договори би бил “осамен, сиромашен, непријатен, брутален и краток”. Во 1871 година, Дарвин истакна дека, “Заедниците кои вклучуваат поголем број на сочуствителни членови ќе процветаат најдобро и ќе одгледаат најброен подмладок.”

алтруизам

Но, парадоксот останува: доколку природната селекција му дава предност на самоуслужливото однесување и на оние кои им помагаат на останатите да го намалат својот репродуктивен успех, зошто да се мачиме да бидеме фини?

На ова прашање се обидоа да одговорат научиниците од Лондонското Зоолошко Друштво кои одржаа предавање насловено како “Зошто да се биде фин? Разбирање на кооперативното однесување на луѓето и животните.”

Прв беше Најџел Френкс од Универзитетот од Бристол, кој го истражуваше “степенот на когниција на колонијата” кај мравките. Оваа кооперација е олеснета од “кворумско насетување,” каде поедини мравки го менуваат своето однесување кога ќе почувствуваат дека е достигнат прагот за одреден стимул - на пример ако доволно мравки веќе ја присвоиле новата стратегија. Со оглед на тоа мравјото општество може да се сфати како “супер организам.”

Со околу 10 000 вида, биомаса која го изедначува човечкото и мравјото потекло кое датира од пред преку 100 милиони години, еволутивниот успех на соработливите мравки е јасен.

мравки

Следен беше Ендрју Јанг од Универзитетот во Ексетер, чие истражување за долгоопашестите птици ја поддржува “теоријата на роднинска селекција”: птиците секогаш ја фаворизираат соработката со роднините пред непознатите, вели Јанг. Меѓу цицачите, голиот крт е еден од најсоработливите одгледувачи од сите цицачи. Но нема доказ помеѓу цицачите кои не припаѓаат на примати дека самоуслужливите измамници се казнуваат.

Меѓу приматите, сепак, постојат примери на казнување на измамата. Во 1980-тите, Дороти Чејни и Роберт Сејфарт при набљудување открија дека ако див мајмун открие овошно дрво, не го извести остатокот од групата за пронајдената храна, а подоцна го затекнат како самиот јаде од пленот, ќе изеде ќотек. Истражувањето во Франс де Вол лабараторијата при Универзитетот Емори минатата година откри дека кучињата и мајмуните се склони кон соработка и одбиваат да учествуваат во неправедни социјални размени.

мајмун

Третото интересно предавање, одражано од Редуан Бшари од Нојшател Универзитетот во Швајцарија, ги испитуваше фасцинантните социјални договори помеѓу рибите чистачи (морски гргеч) и нивните клиенти (групер риба). Рибите чистачи соработуваат преку отстранување на паразитите од многу поголемите риби предатори. Но, бидејќи морскиот гргеч е привлечен од заштитната слуз на кожата на групер рибите, тие попрво би ги каснале, отколку да ги чистат од паразити. Што ги спречува да го сторат тоа?

Бшари откри дека кога рибите клиенти избираат риби чистачи, поверојатно е дека чистачите нема да ги каснат нивните муштерии, а кога рибите клиенти се видливи и за други риби чистачи поверојатно е дека нема да ги јадат рибите чистачи. Изгледа дека социјалната репутација е значаен фактор за одржување на социјалните договори помеѓу видовите на риби, како што е и меѓу луѓето.

две риби

Но, соработката помеѓу видовите делува различно. Гргечот се раѓа како женка и го менува  полот доколку порасне доволно голем. Мажјаците имаат харем и ја контролираат женката кога таа "преговара" со клиентите. Доколку клиентот не се согласува со услугите и отплива, фрустрираниот мажјак гргеч ќе ја нападне помалата женка. Тоа ја одржува високата кооперативност на женките гргечи и ја намалува веројатноста дека тие ќе го каснат клиенто.

Ова однесување на поголемите мажјаци ја лишува женката од храна, одржувајќи ја како мал, контролиран партнер за одгледување. Но, доколку женката прекине со соработката таа може да порасне, да го промени полот и да го победи својот поранешен партнер и да ја превземе контролата над неговиот харем.

животински алтруизам

Последниот говорник, Симон Гахтер од Универзитетот во Нотингем, ја истражуваше  човечката групна соработка наспроти индивидуалните интереси. На судењата одржани во 16 различни држави, без можност за казнување на себичното однесување, соработката набрзо престануваше. (Случајно, данските учесници беа најкооперативи, а Австралијанците соработуваа најмалку.) Гахтер вели дека заклучокот кој го изведе од ова беше дека казнувањето на измамниците е неопходно за успех и напредување на соработката.

Тој додаде дека социјалните договори се под влијание на културата и поради тоа степенот и природата на соработката зависи делумно од местото на живеење. Тука би додале дека типот на личноста и полот исто така има влијание врз степенот на социјално однесување. Истражувањето на Марк ван Вугт од Универзитетот во Амстердам укажува дека однесувањето на женките е понехиерархиско и покооперативно отколку тоа на мажјаците. Во неговата книга “Природно селектирани,” ван Вугт тврди дека вклучувањето на само една жена во одборот на директори ја намалува можноста за банкротирање на компанијата за 20%.

жена

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.