RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
БОЛНО РАСКИНУВАЊЕ
Вторник, 08 Март 2011
Слика
МАШКИ ИЛИ ЖЕНСКИ СТРЕС?
Среда, 10 Ноември 2010
Слика
СИТЕ СМЕ ПАРАНОИЦИ
Среда, 08 Декември 2010
Слика
КАКВИ СМЕ ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Понеделник, 07 Ноември 2011
Слика
ЕМОТИВНИ РИБИ
Сабота, 12 Март 2011
Слика
ПСИХО МОЗОК
Среда, 19 Јануари 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



ДРУШТВЕНА АМИГДАЛА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4454 пати
Вторник, 01 Март 2011 01:00

Доколку вашиот живот е исполнет со бројни пријатели и семејство, можеби ќе треба за тоа да и се заблагодарите на амигдалата.

пријатели

Истражувачите открија дека мозочниот нерв со бадемаста форма е поголем кај подружељубивите луѓе.

Нервот амигдала, може да биде причината зошто некои луѓе добро се справуваат со променливиот социјален живот.

Истражувачите открија дека дел од мозокот наречен амигдала, чие име потекнува од грчкиот збор за бадем, е поголем кај посоцијалните луѓе отколку кај оние кои водат понедружељубив живот.

Наодот, кој важи и за мажи и за жени од сите возрасти, е прв кој укажува на врската помеѓу големината на специфичен мозочен регион и бројот и комплексноста на врските на личноста.

Амигдалата е мала во споредба со останатите мозочни региони, но се смета дека игра важна улога во координирањето на нашата способност за проценување на луѓето, помнење на имиња и лица и справување со опсегот на социјални познаници.

мозок

Истражувачите од јавната болница во Бостон, Масачусетс, користеа скенирање со магнетна резонанса (MRI) за да ја измерат амигдалата кај 58 луѓе на возраст од 19 до 83 години и открија дека големината  на нервот кај дружељубивите може да биде 2.5 кубни сантиметри до двојно повеќе поголема отколку кај асоцијалните луѓе.

Како дел од студијата, секој од волонтерите пополнуваше прашалник одредувајќи го бројот на луѓе со кои комуницираа секојдневно. Исто така, тие ја коментираа и комлексноста на секоја врска. На пример, еден пријател може истовремено да биде и шеф, што значи дека личноста мора да го прилагоди однесувањето во зависност од природата на средбата.

Тимот, воден од психологот Лиза Фледмен Берет, откри дека учесниците со поголема амигдала вообичаено имаа повеќе луѓе во нивниот социјален живот и одржуваа сложени врски.

Оние со најмала амигдала имаа листа од 5 до 15 луѓе како редовни контакти, додека тие со најголема амигдала броеја повеќе од 50 познаници во нивниот социјален живот. Постарите волонтери обично имаа помала амигдала и помал број на луѓе во својот социјален живот.

осаменост

Пишувајќи во списанието, Nature Neuroscience, тимот на Берет предупредува дека наодот е само корелација, што значи дека не можат да кажат дали постои причинска врска помеѓу големината на амигдалата и исполнетоста на социјалниот живот на личноста. Сепак, претходните студии со примати покажуваат дека оние кои живеат во големи социјални групи имаат и поголема амигдала. “Луѓето кои имаат поголема амигдала може да поседуваат суров материјал кој е потребен за одржување на поголеми и посложени социјални мрежи,” вели Берет. “Така кажано, мозокот е орган од типот искористи-или-изгуби. Можеби кога луѓето повеќе се впуштаат во интеракција добиваат поголема амигдала. Тоа би бил мојот предлог.”

“Не е дека некој со поголема амигдала може да прави работи кои некој со помала амигдала не може. Луѓето се разликуваат по тоа колку добро се сеќаваат на туѓите имиња и лица и ситуацијата во која ги запознале. Некој со поголема амигдала едноставно може да биде подобар во памтењето на тие детали,” додаде Берет.

Претходните студии открија дека  одредени делови од мозокот можат да се зголемуваат со цел да се справат со пообемни задачи. Во 2000 година, тим на невролози преводен од Еленор Магир од УЦЛ покажа дека кај лондонските таксисти расте дел од мозокот наречен хипокампус за да им помогне да ја запомнат менталната мапа на градот.

пријатели на забава

Снимките од МРИ скенерот на Берет не открија ниедна друга мозочна структура која варира во големина според степенот на сложеност на социјалниот живот на личноста.

Овој труд се надоврзува на претходно истражување на Робин Дунбар, директор по социјална и културна антропологија на Оксфорд Универзитетот, кој откри теоретска граница на бројот на значајни врски кои личноста може да ги одржи. Се смета дека таа бројка изнесува околу 150 луѓе.

амигдала

Берет не испитуваше дали гоелмината на амигдалата варираше со бројот на контакти кои личноста ги имаше на сајтовите за социјално вмрежување како Фејсбук или Твитер, бидејќи не е јасно дали за тоа е потребен истиот когнитивен напор за одржување како и при потрадиционалните врски.

Групата на Берет сега ги испитува другите мозочни области за да открие кои други делови од мозокот се вклучени во социјалното однесување и како абнормалностите или повредите на мозокот може да го влошат социјалниот живот на личноста.

група луѓе

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.