RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА ГЛАДЕН МАЈМУН
Среда, 01 Декември 2010
Слика
ИНТЕРКУЛТУРНА ПСИХОЛОГИЈА
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ ДОСАДНИ?
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
ШТО МИРИСА ТОЛКУ УБАВО?
Петок, 05 Ноември 2010
Слика
БЕЗ СЕЛЕЊЕ ЗА ЕМОТИВЦИТЕ
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
ИСТОРИЈА НА ЧОВЕКОВАТА АГРЕСИЈА
Понеделник, 10 Јануари 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



СРЕДНО, АХ СРЕДНО... PDF Печати Е-пошта
(7 гласови, просечно 4.71 од можни 5)
прочитано 6866 пати
Недела, 23 Јануари 2011 00:36

Средношколските пријателства имаат многу поголемо влијание врз успехот во животот отколку што досега се претпоставуваше.

средношколци

Кога адолесцентите преминуваат од основно во средно училиште, промените на пријателствата можат да сигнализираат потенцијален академски успех или пак неуспех во текот на годините, велат истражувачите од Универзитетот во Орегон. Една нова студија, објавена во Journal of Early Adolescence, покажа дека момчињата и девојчињата чии другари се социјално активни на места каде што правилата се почитуваат се подобри во учењето. Другарството со деца со проблематично однесување пак, се одразува лошо на нивните оценки. Дружењето со просоцијални пријатели и избегнувањето на соученици со девијантно однесување се покажа поефективно отколку дружењето само со врсници со добри оценки.

Преминувањето во средно школо е важна промена за децата бидејќи излегуваат од училниците во кои секој ден гледале само еден наставник и влегуваат во средина каде имаат различни предмети, различни професори и можности да запознаат нови пријатели. Новата студија на Мери-Хелен Вероно и Томас Џ. Дишион од Центарот за деца и семејства на Универзитетот во Орегон се фокусира само на улогата на другарството врз академскиот успех.

училиште

Податоците што тие ги открија се резултат на темелно истражување на испитувачите од центарот врз 1 278 ученици од кои 55% биле девојчиња. За целите на истражувањето, студентите требало да ги напишат имињата на нивните тројца најдобри другари. Наместо да се базираат на извештаите на учениците за однесувањето и оцените на нивните врсници, испитувачите се концентрираа директно на однесувањето и академските податоци на другарите. Изненадувачки беше фактот дека девојчињата кои имале проблеми со учењето уште од шесто одделение всушност почувствувале последици дури подоцна кога нивните другарки започнале да добиваат високи оценки, вели Вероно. „Не знаеме зошто случајот со девојчињата е ваков, ама претпоставуваме дека тие сакаат да се споредуваат со другарките и тогаш сфаќаат дека им оди лошо. Можеби ова делува на нивниот успех и верба во сопствените способности.“

Кај девојчињата што биле одлични во шесто одделение се јавува спротивното влијание. „Ова се девојчиња кои имаат другарки со добри оцени и за нив учењето е само дополнителен предизвик и мотивација, па се покажуваат и подобро од очекуваното“,  вели таа.

учење

Резултатите јасно покажуваат дека во средно училиште, “децата учат ненамерно” – вели Дишион, директор на Центарот за деца и семејства и професор по психологија. „Тоа е период на пубертет. Умот брзо се менува. Мозокот на детето е спремен да се соочи со светот за да види дали се вклопува таму, а училиштето е вистинското место за да го сфати тоа.“

Овие преодни години може да се навистина битни, вели Дишион. Во нивното претходно истражување, со колегите анализирале како ќе влијаат врските меѓу врсници од 13, 15 и 17 години врз нивниото снаоѓање со животот на 24 години. Гледано наназад, влијанијата на 13-годишна возраст биле најголеми, тој забележува. Иако учењето е од големо значење, вели тој, можеби вниманието треба повеќе да го насочиме кон променливите односи меѓу врсниците.

факултет

Во заклучокот, Дишион и Вероно им предлагаат на одговорните родители да “обрнат посебно внимание” на промените во другарствата и во школо и дома и да поттикнуваат активности во кои ќе бидат вклучени и родители со цел да се промовираат про-социјалните врски.

„Родителите треба да знаат што прават нивните деца и со кого се дружат“ – вели Вероно. „Ако родителите забележат дека детето го менува кругот на пријатели, треба да се обидат да ги запознаат новите деца, да разговараат со професорите и да имаат нормална комуникација со сопственото дете кое ќе им објасни каде ќе излегува и кога ќе се врати дома.“

другарување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.