RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАРАКТЕР И ПЛОДНОСТ
Среда, 09 Февруари 2011
Слика
СРЕДНО, АХ СРЕДНО...
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ЧУВСТВИТЕЛНИ МОМЦИ
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
СРЕЌАТА НА МАМА
Вторник, 26 Април 2011
Слика
МММ, ПОМФРИТ...
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ГРУПНО РАЗМИСЛУВАЊЕ
Четврток, 22 Септември 2011
Слика
НЕАНДЕРТАЛЦИ ГУРМАНИ
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



СПРАВЕТЕ СЕ СО ДРДОРКОВЦИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3244 пати
Сабота, 22 Јануари 2011 00:29

Што кога сте лице в лице со некој дрдорко кој неподносливо ве иритира? Еве неколку алтернативи како да се справите со тоа.

дрдорење

Размислете колку време трошите луѓе кои, штом почнат, не знаат да престанат да зборуваат и не знаат да водат нормален разговор со вас? Дали вриете во себе? Си одите? Удирате со тупаници по масата? На дрдорковците речиси никој не се осмелува директно да им се спротивстави.

Што ги мотивира зборлестите луѓе да бидат такви какви што се? Дали се работи за нарцисоидност, генетика, недостиг на внимание, или пак паничен страв од тишина? Понекогаш не можеме да престанеме да зборуваме како резултат на моментален стрес – но тоа е сосема различна ситуација.

Да претпоставиме дека некој човек зборува нон-стоп, а останатите во собата се чувствуваат како заложници кои мораат да ги слушаат плитките муабети  на една “празна воденица”. Ајде да видиме како секој тип на личност би изреагирал во ваква ситуација:

разговор

1. Перфекционист

Перфекционистот останува достоинствен дури и кога се соочува со ваква ситуација. Се обидува да остане самоуверен и смирен и се обидува да ја разреши ситуацијата  со тоа што менува темата на разговор. Воедно, се труди во дискусијата да ги вклучи сите присутни  во собата.

2. Помошник

Помошникот не се задоволува со ништо друго освен со вин-вин ситуација. Го презема текот на  разговорот со ентузијазам и почнува шармантно да раскажува некаква приказна. Успева да се здобие со внимание од сите така што остварува контакт со очите. Целта на помошникот е да ја одржи позитивната атмосфера  за да не може зборливецот повторно да го преземе разговорот.

муабетење

3. Исполнувач/Остварувач

Овој тип на луѓе сакаат да работат. Затоа не е изненадувачки што најпрвин срамежливо се вклучуваат во дискусијата со претставување на нивната работа. Постепено остварувачот започнува да доминира со неговиот начин на зборување, правејќи  притоа куси паузи за да земе здив и го пренасочува целото внимание од дрдоркото кон себеси.

4. Романтичар

Романтичарите на зборлестите луѓе им приоѓаат со мала доза на бес, бидејќи го узурпирале  целото внимание. Потоа, се обидуваат да се повикаат на својот перфекционизам , со што конечно успеваат да го преземат разговорот на фин и фер начин.

5. Набљудувач

Набљудувачите никогаш не добиваат шанса да се вклучат во муабетот. Секако, долгите и бесмислени разговори ги иритираат. Единствено што можат да сторат е да кажат нешто како: „Може ли сега да преминеме на друга тема?“

дрдорко

6. Испитувач

Испитувачот се вмешува во разговорот со нешто паметно или шокантно. Неговата нова тема на разговор може да го промени расположението и да внесе свежина во дискусијата.

7. Авантурист

Авантуристот нема многу трпение за да седи и да се досадува со зборлести луѓе. Тие или си одат или започнуваат свој разговор, како што би направил и помошникот, или пак паралелно започнуваат муабет со еден или двајца други луѓе.

неподнослив дрдорко

8. Самоуверен

Самоуверениот тип ги средува зборлестите со тоа што “ќе им ја покаже излезната врата”. Пријателите на покојниот Ричард Холбрук, кој спаѓаше во оваа група, раскажуваат дека тој од секој час доминирал во разговорот по 45 минути.

9. Миротворец

Овој тип сака сите да се среќни и има трпение со зборлести луѓе. Голема е веројатноста дека ќе им понуди храна на брзозборковците или ќе се обиде да им го одвлече вниманието  на поинаков начин.

Проблемот со сите овие методи е тоа што тие не се постојани. Зборлестите луѓе повторно го преземаат разговорот штом ќе им се укаже првата прилика. Секако, има луѓе што успеале да се излечат од оваа лоша навика, ја сфатиле својата грешка и сега се омилени меѓу останатите.

во бар

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.